Четврта македонска ударна бригада

Четвртата македонска ударна бригада била воена единица на НОВ и ПОМ, формирана во Лисец, на планината Плачковица. Дејствувала од 24 јули 1944 до 1945 година. Била формирана од Плачковичкиот НОПО, делови од Втората и Третата македонска бригада и од новопристигнати борци.

Четврта македонска ударна бригада
Четвртата македонска бригада во марш, летото 1944 година.
Активна24 јули 1944 – мај 1945
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Борис Милевски, Никола Пеев - Груев
Извештај од штабот на 50-та дивизија до главниот штаб на Македонија, во врска со формирањето на 4, 13, и 14 бригада - фотокопија (26 септември 1944 г.)
Извештај од штабот на 50-та дивизија до главниот штаб на Македонија, во врска со формирањето на 4, 13, и 14 бригада - фотокопија (26 септември 1944 г.)

Команден состав

уреди

Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]

Политички комесари биле:

Борбени дејства

уреди

Бригадата водела борби против бугарските сили кај с. Митрашинци, Беровско (14 август), на пл. Плачковица (16 август), кај Берово (23 август), извршила напад на Виница (30 август). По борбите со германските сили ја ослободила Струмица (9 септември), по што влегла во составот на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ (17 септември до средината на октомври 1944) и продолжила со борби со германските сили кај Струмица, селата Нова Маала и Амзали и по комуникацијата Струмица - Берово (22 септември - 3 октомври). Во содејство со други единици, бригадата го ослободила Берово на 13 октомври и продолжила да ги напаѓа германските колони во реонот на Голеш, кај Костурино, на комуникацијата Валандово-Струмица, а потоа ги ослободила Валандово, Удово и Дојран на 7 ноември, по што била упатена да ја затвори југословенско-грчката граница од Гевгелија до тромеѓето со Бугарија.[2][3]

Во рамките на завршните операции за ослободување на Македонија, оваа бригада учествувала во борбите за ослободување на Кочани, Струмица и други населени места од Источна Македонија.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​95-97
  2. ДАРМ, Скопје, ф. 4-та македонска НО бригада, 1944–1945;
  3. Зб. НОР, т. VII, кн. 3, Београд, 1954.

Литература

уреди
  • Раде Гогов, „Младост плачковичка, Четврта македонска народноослободителна бригада“, Београд, 1971.
  • Раде Гогов, „Воените операции на IV македонска народноослободителна ударна бригада за ослободување на Струмица и Стумичко во НОВ од септември 1943 до 15 мај 1945 година, Струмица и Струмичко во НОВ 1943 - 1945“, Струмица, 1983, стр. 151–165.
  • Раде Гогов, „Формирањето на 4-та македонска народноослободителна бригада и нејзините дејства во Кочани, Кочани и Кочанско во НОВ 1941-1945“, Кочани, 1985, стр. 368–379;
  • Раде Гогов, „Дејствијата на IV македонска народноослободителна ударна бригада за ослободување на Берово и Беровско од фашистичките окупатори, Малешевијата во НОВ и Револуцијата 1941–1945“, Штип, 1986, стр. 145–154;
  • Војо Кушевски, „Радио-станицата на IV народноослободителна бригада, 50-та народноослободителна дивизија и III брегалничко-струмички корпус на НОВ и ПО на Македонија“, Историја, XXXIII, 1–2, Скопје, 1997, стр. 31–49;
  • Методија Манојловски, „Четвртата македонска народноослободителна бригада“, Скопје, 2004.