Чествување на ликот и делото на Пере Тошев
Веднаш по ослободувањето и создавањето на современата македонска држава, македонскиот народ му одал видно признание на својот голем син. Перевата личност и дело, редовно се одбележува на свечените академии и други собири, во печатот, радиото и телевизијата. Голем број на училишта, улици, културно-уметнички друштва го носат неговото име. Во Македонија тој се слави како еден големите чинители во создавањето на македонската национална држава. Ѓорче Петров истакнува:
Дел од темата „Пере Тошев“ |
---|
Поврзано
|
Пере го излеа и последниот остаток на својата неисцрпна духовна моќ. Тој тргна смело кон својата Голгота и така го искажа својот последен презир кон лажното и лицемерието во современото општество, со кое се бореше низ целиот живот. Неговиот гроб-споменик ќе ја овековечи таа борба зашто ќе дојдат поколенија, кои достојно ќе ја оценат величината на неговиот гест, неговата возвишена душа и силен карактер [1]
По повод дваесет години од прогласувањето на независноста на Република Македонија бил официјално отворен Музејот на македонската борба, во кој меѓу останатото се наоѓа и една восочна фигура на Пере Тошев [2]. Во Бугарија, се оценува како за еден од најсимпатичните дејци на бугарското национално - ослободително движење по Берлинскиот конгрес [3]. Во периодот помеѓу 1944-1957 година од страна на бугарската држава бил почитуван како македонски национален херој [4].
На неговиот гроб во дворот на црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп се организираат комеморативни настани по повод годишнината од неговата смрт. Во научната историографија се објавени поголем број на документи и друг пишан материјал за животот и револуционерната дејност на Јане, придружени со по некоја фотографија како историско-илустративен изворен материјал. По повод 100-годишнината од неговото загинување во Прилеп бил откриен негов споменик, висок 2,40 метри и лиен во бронза од авторот Емил Солески [5]. Советот на општината Центар најавил дека Пере Тошев ќе добие спомен-обележје. Споменикот на Пере Тошев ќе биде сместен во близина на Македонскиот народен театар. Спомен-обележјето е донација на Здружението на Егејци од Лерин [6]. Пере е опеан во одреден број на македонски народни песни, една од нив е Песна за Пере Тошев:
- Проклети биле шпиони,
- што ми кладоја пусија,
- што ме кладоја в пусија,
- на Дреновската Клисура.
- Катили, клети шпиони,
- дење и ноќе чекаја,
- дење и ноќе чекаја,
- најсетне ми дочекаја.
- Ете го Пере кај иде,
- на коња со кирајџија,
- на коња со кирајџија,
- без пушка и без дружина.
- Шпиони пушки грмеја,
- љуто го Пере ранија.
- Загина Пере војвода
- за жална Македонија [7].
Извори
уреди- ↑ Ѓорче Петров, Беседа за Гоце, Беседа за Пере Тошев, Култура, 2003
- ↑ „МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА МЛАДОТУРСКИОТ РЕЖИМ“. Архивирано од изворникот на 2015-03-09. Посетено на 2013-10-06.
- ↑ ПЕРЕ ТОШЕВ - СЪВЕСТТА НА МАКЕДОНИЯ
- ↑ Ванѓа Чашуле, Од признавање до негирање. Бугарски ставови за македонското прашање. Статии, говори, документи. Култура, Скопје, 1970
- ↑ „Споменик на Пере Тошев во Прилеп по повод 100-годишнината од загинувањето“. Архивирано од изворникот на 2012-07-09. Посетено на 2013-10-06.
- ↑ Михајло Апостолски ќе се исправи кај Континентал, а Пере Тошев кај МНТ
- ↑ „Песна за Пере Тошев во исполнение на Костадинка Палазова и женска вокална група при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј" Скопје“. Архивирано од изворникот на 2013-07-28. Посетено на 2013-10-06.