Черушнички манастир
Черушнички манастир или „Успение на пресв. Богородица“ (грчки: Μονή Κοιμήσεως Θεοτόκου Μικροκάστρου) — манастир во Населичко, Егејска Македонија.[1][2][3] Денес ѝ припаѓа на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.
Успение на пресв. Богородица | |
---|---|
Черушнички манастир | |
Παναγία Μικροκάστρου | |
40°15′40″N 21°29′45″E / 40.2611° СГШ; 21.4958° ИГД | |
Место | Черушница, Населичко |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Изградба | 1753 |
Управа | |
Епархија | Шишанско-сачишка |
Манастирот е сместен во јужните падини на планината Сињак кај селото Черушница (денес Микрокастро) во општината Горуша на Кожанскиот округ, денешна Западна Македонија, Грција. Лежи на неколку стотини метри југозападно од селото и на исто толку од брегот на реката Бистрица. Основан е во 1753 г.[4] Манастирската црква е изградена во 1797 г. и има живопис со извонреден квалитет. Во иконостасот е вградена постара икона на Богородица од 1603 г., која се смета за чудотворна.
Во 1993 г. станал женски манстир.[2] Според пописот од 2011 г. во него има 26 калуѓерки.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Μονή Μικροκάστρου“. Θρησκευτικός Τουρισμός. Архивирано од изворникот на 2014-12-31. Посетено на 31 декември 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „Ιερά Μονή Παναγίας Μικροκάστρου“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 26 јуни 2017.[мртва врска]
- ↑ „Εκκλησίες Κοζάνης“. Δυτική Μακεδονία: Μνημεία, παράδοση, εκδρομές, δραστηριότητες. Архивирано од изворникот на 2018-02-18. Посетено на 17 февруари 2018.
- ↑ „ΤΟ ΜΙΚΡΟΚΑΣΤΡΟ - Ι.Μ. ΚΟΙΜΗΣΕΩΣ ΤΗΣ ΘΕΟΤΟΚΟΥ ΜΙΚΡΟΚΑΣΤΡΟΥ“. Архивирано од изворникот на 9 јули 2010. Посетено на 9 август 2021.