Чентовец“ или „Чентовци“ претставува поим за приврзаник или приврзаници на идеалите на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов, неговата личност и дело. Една од поистакнатите организации кои го поддржувале Андонов била ВМРО-СДРМА (подоцна ВМРО-ПРАВДА), а по него населбата Ченто во Скопје го добива своето име. Поради тоа некогаш поимот може да се измеша и со жител на населбата.

Споменик на Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје, свечено украсен по повод празникот Илинден.

Поради своите идеали, Андонов често бил мета на тајните органи на Југославија, посебно на УДБА. Тој во 1944 година се противел 15-от македонски полк да оди на Сремскиот фронт. Исто така, тој се противел на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.[1]

Методија Андонов - Ченто се борел за обединување на македонскиот народ од регионот Македонија и доколку е нужно тоа да се направи под влијание на големите сили.[2]

Наводи

уреди
  1. ФЕЉТОН: Црните страници на УДБА – Ченто и Доцев на удар (Том IV)[мртва врска]
  2. Записник од сослушувањето на обвинетиот Методија Андонов - Ченто, 21 септември 1946, стр. 1/2 „и јас се интересувам за обединението на македонскиот народ и тоа прашање може да биде правилно решено, ако биде признато на прво место од великите сили.“