За други значења видете ВМРО (појаснување)

ВМРО - СДРМА била македонска конспиративна младинска организација создадена на иницијатива и под водство на Глигор Крстески, со цел да се бори за отцепување на НР Македонија од Југославија, ослободување на неослободените делови и обединување во Самостојна Држава Република Македонија (СДРМ) со поддршка од САД и од другите западни сили, под покровителство на Америка[1]. Тоа било вградено во името на Организацијата - СДРМА. Обединета Македонија се предвидувало да биде граѓанска држава од типот на западните демократии. До средината 1947 година, организацијата изградила организациска мрежа по систем на тројки, во Прилеп и во Прилепско[2]. Организацијата пред крајот на 1947 година била разоткриена, а водечките личности биле уапсени и биле осудени и нејзината дејност прекината[3].

ВМРО-СДРМА
Основанамарт 1946
Укинатасептември 1947
МестоПрилеп

Наводи уреди

  1. Глигор Крстески, Моето досие, Скопје, 2002
  2. Сто години ВМРО, златна книга, Скопје, 1993
  3. Иван Катарџиев, Сто години од формирањето на ВМРО, сто години револуционерна традиција, Скопје, 1993