Чедо Додевски
Чедо Додевски (Куманово, 1956 – Слупчане, Кумановско, 13 февруари 2001) бил македонски бранител, сообраќаен полицаец и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Намерно прегазен е со кола на патот Куманово - Липково на 13 февруари 2001. Зад убиството стоеше ОНА.[1]
Чедо Додевски | |
---|---|
1956 – † 13.02.2001 (45 г.) | |
Роден во: | Куманово, СР Македонија |
Починал во: | Слупчане, Кумановско |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Полицаец |
Единици: | СВР Куманово |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001 |
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 година и смрт
уредиЧедо Додевски е роден во 1956 година во Куманово. Беше вработен во Управата за внатрешни работи во Куманово. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил сообраќаен полицаец.
На 13 февруари 2001 година, вршејќи рутинска сообраќајна контрола, со уште тројца свои колеги на локалниот пат Куманово - село Липково, во околу 17:30 часот бил прегазен од „застава 750“. Автомобилот без регистерски таблички бил управуван од 35-годишниот Фериз Куртиши од селото Слупчане. Куртиши, кој возел со голема брзина го удрил полицаецот и избегал од местото на настанот, но полицијата го пронашла и привела во Управата за внатрешни работи во Куманово, половина час по инцидентот. Сообраќаецот Додевски од ударот бил тешко повреден, а починал во Ургентниот центар во Скопје, околу 21 часот, истиот ден. Куртиши не го запрел возилото на дадениот знак од службеното лице, туку со голема брзина продолжил свртувајќи десно од патот, при што со предниот дел од „фиќото“ го удрил полицаецот.[2]
Погребан е на гробиштата во родното Куманово. Чедо Додевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
- ↑ „Со нерегистрирано "фиќо" усмртил сообраќаен полицаец“. Вест. 13 февруари 2001. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 2017-06-28.
- ↑ „Посмртно, со медал за храброст, одликувани 32 загинати припадници на МВР“. webohrid.com. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 2017-06-28.