Чарлс Мелтон (англиски: Charles Melton, р. 4. јануари 1991 год. во Џуно, Алјаска, САД) е американски актер и модел. Тој е познат по улогите на Реџи Ментел во телевизиската серија „Ривердејл“ и на Даниел Беј во филмот „И сонцето е ѕвезда“[1].

Детство

уреди

Мелтон е роден во Џуно, Алјаска, САД како најстариот син на Сукјонг и Фил Мелтон[2]. Татко му Фил е Американец со домородно потекло од племето Чероки. Мајка му Сукјонг е доселеничка од Кореја. Неговото семејство често се сели бидејќи татко му работел за американската војска. Пет години живеат во Пјонгтајк, Гјонги, Јужна Кореја. Подоцна се населуваат во Менхетен, Канзас, САД, каде Мелтон завршува средно образование во Менхетенското средно училиште во 2009 година[3]. Мелтон студира на Канзашкиот државен универзитет. Во текот на студиите, тој игра за универзитетскиот фудбалски тим[3]. Во 2012 година, на 20-годишна возраст, ги напушта студиите и се сели во Лос Анџелес, Калифорнија, САД за да се испроба како глумец.

Кариера

уреди

Првите успеси на Мелтон се како манекен за Долче и Габана, Кенет Кол и МАК[1]. Првите глумечки улоги ги добива како гостин во „Задоволство“ и „Американска хорор приказна“[1].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 'Riverdale's' Charles Melton steps into the spotlight with 'The Sun Is Also a Star'. Los Angeles Times (англиски). 2019-05-17. Посетено на 2020-04-05.
  2. News, A. B. C. 'On Their Shoulders': Charles Melton called his mom his 'queen' and we're not crying, you're crying“. ABC News (англиски). Посетено на 2020-04-05.
  3. 3,0 3,1 „Charles Melton - Football“. Kansas State University Athletics (англиски). Посетено на 2020-04-05.