И сонцето е ѕвезда (филм)
„И сонцето е ѕвезда“ е американски драмски филм наменет за тинејџери. Филмот излегува во 2019 година. Режисер е Ри Русо-Јанг, а сценарист е Трејси Оливер. Филмот е заснован на истоимениот роман за млади од Никола Јун. Главните улоги ги толкуваат Јара Шахиди и Чарлс Мелтон, чии ликови се заљубуваат додека семејството на еден од протагонистите се соочува со депортација од САД.
Филмот премиерно е прикажан во кината во САД на 17. мај 2019 година во продукција на Варнер Брос Пикчерс и Метро-Голдвин-Мајер Пикчерс. Критиката не е едногласна во однос на оценување на овој филм, кој заработи 6,8 милион долари на светско ниво.