Црната стрела (книга)
Црната стрела (англиски: The Black Arrow) е роман од писателот Роберт Луис Стивенсон.
Изданија на македонски јазик
уредиИздание на „Кочо Рацин“ од 1965
уредиКнигата е објавена на македонски јазик од страна на издавачкото претпријатие „Кочо Рацин“ од Скопје во 1965 година, во превод на Свето Серафимов, а во рамките на библиотеката „Галеб“. Таа има 139 страници и испечатена е во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје во тираж од 5.000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не го поседува меѓународниот број ISBN. Нацртот на корицата и илустрациите во книгата се дело на Димитар Кондев, а техничкото уредување го извршил Коста Бојаџиевски. Јазичната редакција е дело на Евтим Манев, а коректурата ја направила Вера Грличкова.[1]
Содржина
уредиРоманот „Црната стрела“ се состои од 32 поглавја, и тоа:[1]
- Глава прва: Црната стрела погодува
- Глава втора: Каде е господарот Џон
- Глава трета: Во мочуриштето
- Глава четврта: Премин преку реката
- Глава петта: Одметниците
- Галав шеста: Напад во шумата
- Глава седма: Гонење
- Глава осма: Лепрозниот
- Глава деветта: Во Куќата на каналот
- Глава десетта: Лажна клетва
- Глава единаесетта: Собата над капелата
- Глава дванаесетта: Преминот
- Глава тринаесетта: Како ги измени Ричард страните
- Глава четиринаесетта: Тајна средба
- Глава петнаесетта: Битка во темнината
- Глава шеснаесетта: Сент Браидс Крос
- Глава седумнаесетта: Украдениот брод
- Глава осумнаесетта: Опасност од морето
- Глава деветнаесетта: Домот на Лоулес
- Глава дваесетта: Во куќата на непријателот
- Глава дваесет и прва: Мртвиот шпион
- Глава дваесет и втора: Во црквата
- Глава дваесет и трета: Лордот Ризингам
- Глава дваесет и четврта: Али Баба
- Глава дваесет и петта: Средба на крстопатот
- Глава дваесет и шеста: Битка во Шореби
- Глава дваесет и седма: Битката во Шореби - продолжение
- Глава дваесет и осма: По битката
- Глава дваесет и деветта: Ноќта во шумата
- Глава триесетта: Ричард и Џоана
- Глава триесет и прва: Смртта на сер Даниел
- Глава триесет и втора: Среќен крај