Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Превој Ѓавато

црква на превојот Ѓавато, Битолско

Успение на пресв. Богородица (Св. Богородица) — црква кај битолското село Ѓавато. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Прва ресенска
Местоположба

Карта

Координати 41°3′56.1″N 21°6′16.1″E / 41.065583° СГШ; 21.104472° ИГД / 41.065583; 21.104472
Место Ѓавато
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1971
Архитектонски опис

Црквата е сместена на превојот Ѓавато на патот Битола – Ресен, на тесниот простор помеѓу автопатот А3 и регионалниот пат Р1101. Тука минувал пат уште од античко време и се претпоставува дека селото првично било на ова место. Храмот е изграден во 1971 година. Има улгоа на појдовна точка за многу планинарски патеки на Баба на југ и Плакенска Планина на север.[1]

Во тремот на црквата се вградени антички тули најдени од некропола од доцноантичко време при изградбата на селскиот пат источно од црквата и југоисточно од селото.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Успение на Пресвета Богородица – Ѓавато“. Bitola.info. Посетено на 9 јануари 2020.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 32. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

уреди