Црква „Св. Петка“ - Орехово

црква во Орехово, Битолско

Св. Петкацрква во битолското село Орехово, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Света Петка

Царските двери од 1642 г.

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Буковска
Местоположба

Карта

Координати 41°58′58.9″N 21°18′42.1″E / 41.983028° СГШ; 21.311694° ИГД / 41.983028; 21.311694
Место Орехово
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Завршено 1861
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабен
Стил преродбенички

Историја

уреди

Црквата е изградена во 1861 година, како што може да се прочита на ктиторскиот натпис.[1] Храмот е обновен по Првата светска војна со средства на ореовци иселени во странство. Во 1926 г. е изградена камбанаријата северозападно од црквата. Храмот повторно е обновен во 2000 г.[2]

Архитектура

уреди

Храмот претставува трикорабна градба со седумстрана апсида на исток и приграден трем од север. Влезот во наосот е од северната страна, а од истата страна има и влез во припратата. Од јужната страна има врата низ која верниците оделе на гробиштата. Внатрешноста на црквата е поделена на три кораба со два реда од по пет столба. Целата внатрешност на наосот е насликана со добар живопис. Над северниот влез од внатрешната страна има долг зографски натпис на кој се споменува Константин Зограф од населичкото село Селица и годината 1861. Овие негови фрески се меѓу најдобрите во Битолско и пошироката околина од средината на XIX век. Богатата програма е исполнета врз ѕидовите со големо внимание и врз основа на добри богословски познавања. Во првото подрачје се одделни светци претставени во полн раст или допојасно. Во погорните подрачја се сцените од Стариот и Новиот завет, животот, чудата и страданијата на Исус Христос и фрески вдахновени од Богородичниот Акатист.[3]

Во храмот, освен иконите од средината на XIX век, има и мала но вредна збирка икони од втората четвртина на XVII век. Исклучително вредни се и царските двери. На нивното северно крило има црковнословенски натпис кој точно ги датира во 1642 г. ова крило подоцна е пренесено во црквата „Св. Димитриј“ во Битола. Во 2011 г. во западниот на иконостасот Ристо Палигора го открил и јужното крило.[1] Ова јужно крило се чува во црквата.[4] Натписот гласи:

Помені Г[оспод]и ереіа попу Петк[о] и настоінико, и Ангел и в[с]е сесабору ΖΡΗ[4]

Иконите од XVII век и царските двери веројатно се дело на мајстори од Линотопската школа.[5]

Слики

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 157.
  2. „Горно Орехово“. Мој роден крај. Архивирано од изворникот на 2022-01-01. Посетено на 29 јули 2018.
  3. Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 36. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2022-01-01.
  4. 4,0 4,1 Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 158.
  5. Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 163–164.

Надворешни врски

уреди