Црква „Св. Никола“ - Радожда

Свети Никола — православна црква во струшкото село Радожда.[1]. Административно, црквата е дел на Третата струшка парохија при Струшкото архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Никола
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Трета струшка
Местоположба

Карта

Место Радожда
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 18 век
Архитектонски опис

Кражба

уреди

Ноќта помеѓу 12 и 13 ноември 2011 во црквата била извршена тешка кражба. Имено според извори на полицијата, во грабежот биле украдени 12 вредни икони кои потекнуваат од 19 век како и еден сребрен крст со подлошка. Материјалната штета, на бесправно однесените икони, кои се дел од културно-историското наследство, изнесува 1.800.000 денари.[2] Истата ноќ, имало и обид за кражба во пештерната црква „Св. Архангел Михаил“, каде сторителот извршил пребарување, а откако не одзел ништо го напуштил местото.[3]

Наводи

уреди
  1. „Струшко архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2010-05-17.
  2. Момировски, Горан (14 ноември 2011). „УКРАДЕНИ 12 ИКОНИ И СРЕБРЕН КРСТ ОД ЦРКВАТА ВО РАДОЖДА“. Телма. Посетено на 2011-11-15.
  3. Аритоновска, Нина (14 ноември 2011). „Ограбени цркви во струшко Радожда“. Сител. Посетено на 2011-11-15.