Црква „Св. Никола“ - Граче
Свети Никола (грчки: Αϊ Νικόλας ο Πετρίτης) — црква кај селото Граче, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Првобитно била храм на некогашен манастир.[1]
Свети Никола | |
---|---|
Αγίου Νικολάου | |
Проскинитарна икона на св. Никола, пред 1820 г. | |
40°27′51.8″N 21°5′2.8″E / 40.464389° СГШ; 21.084111° ИГД | |
Место | Граче, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Стил | византиски |
Завршена | 1417 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Нестрамско |
Епархија | Костурска |
Црквата се наоѓа на мал рид кај Граче. Во близина се остатоците од дреновмакедонскиот град Ватина. Претставува мала еднокорабна црква од камен. Изградена е во 1417 г. во византиски стил, без припрата и со висока полукружна апсида на исток. Освен неа, има мали ниши за ѓаконик и проскомидија. Има димензии од 7 м во должина, 4 м во ширина и 5 м во висина. Покривот е сводест и покриен со камени плочи, сличен на оној на црквите „Св. Стефан“ (IX век) и „Св. Бессребреници“ (XII век) во Костур. Ѕидаријата има керамопластични украси. Ктиторскиот натпис над западната врата гласи: „Се изгради во година 6925 = 1417“ (ΕΚΤΙΣΘΗ ΕΝ ΕΤΗ ΣΤϠʹΚΕ).[2] Храмот неколкупати страдал од палежи и инциденти.[3][4]
Во 1991 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ο εξοχικός ναός του Οσίου Ονουφρίου στο χωριό Πτελέα Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. 11 јуни 2017. Посетено на 22 јуни 2017.
- ↑ Αλεξίου, Γεώργιος (1999). „Ο Άγιος Νικόλας ο Πετρίτης. Ένα αξιόλογο βυζαντινό μνημείο έτους 1417“. Καστοριανή Εστία (715). Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Αϊ Νικόλας ο Πετρίτης
- ↑ „Ο βυζαντινός ναός του Αγίου Νικολάου του Πετρίτη, έτ. 1417, στην Πτελέα Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. Посетено на 15 декември 2016.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/6464/126/28-5-1991 - ΦΕΚ 866/Β/23-10-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-30. Посетено на 5 мај 2018.