Црква „Св. Никола“ - Госно
црква во Госно, Костурско
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — преродбеничка црква во селото Госно, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Никола | |
---|---|
Αγίου Νικολάου | |
Фреска „Симнување од Крстот“, 1834 г. | |
40°26′46″N 21°13′11″E / 40.44611° СГШ; 21.21972° ИГД | |
Место | Госно, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | базилика |
Стил | преродбенички |
Изградба | 1834 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Госненско |
Епархија | Костурска |
Црквата е базилика, изградена во 1834 г. Украсена е со живопис во апсидата на олтарот и апсидата на жртвеникот. Фреските во храмот се интересни примери за месната духовна уметност од почетокот на XIX век.[1] Внатре се чуваат вредни поствизантиски икони.[2]
Во 1991 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Отиди кај: 1,0 1,1 1,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β/Φ36/51050/1184/24-1-1991 - ΦΕΚ 298/Β/8-5-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-30. Посетено на 14 декември 2014.
- ↑ „Δήμος Ορεστίδος“. Архивирано од изворникот на 2010-12-23. Посетено на 2021-02-14.