Црква „Св. Никола“ - Горно Косоврасти

црква во селото Горно Косоврасти

Свети Никола — мала средновековна црква во дебарското село Горно Косоврасти, Македонија.

Свети Никола

Поглед на црквата во селото Горно Косоврасти (во 2022 г.)

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба

Карта

Координати 41°32′47.4″N 20°34′27″E / 41.546500° СГШ; 20.57417° ИГД / 41.546500; 20.57417
Место Горно Косоврасти
Општина Дебар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Никола
Изградба XVII-XVIII век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна градба
Површина 35 м2

Денешната состојба на црквата е загрижувачка, со испишани графити и отпад околу нејзе.

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во самото село Горно Косоврасти, во средишниот дел. Истата не е многу забележлива, бидејќи се наоѓа веднаш зад последните куќи во почетниот дел на селото (Долно Маало).

Историја

уреди

Не се знае точното време кога црквата е изградена, но според изгледот на својата градба во еднокорабен архитектонски стил, таа многу наликува на црквата „Св. Варвара“ во блиското село Рајчица, која е изградена во 1597 година (на самиот крај на XVI век), по што може да се претпостави дека и оваа црква во Горно Косоврасти потекнува од тој период.[1]

Според изгледот на градбата во еднокорабен стил и начинот на градба со делкан камен, може да се претпостави дека таа сигурно е изградена во периодот на доцниот среден век (XVII-XVIII век) или најдоцна до најраниот почеток на XIX век.[1]

Црковно селото било опслужувано од свештениците во Дебар, од истиот свештеник кој го опслужувал и селото Татар Елевци.[1]

Архитектура

уреди

Црквата е голема 35 м2 со земјиште од 2.981 м2, изградена со солидни цврсти ѕидови од делкан камен, покриена со лимен покрив и железна врата, веројатно поставени во поново време, како и со решетки на прозорците, кои се без стакла.[1]

Во поодамнешните пишани извори се наведува дека нејзината состојба е непозната, а за нејзе се грижи присутното македонско муслиманско население.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Јовчевски, Петко; Јовчевски, Методија (јули 2000). Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на XX век; селата: Рајчица, Горенци, Пареши, Броштица, Кочишта, Вапа со Пеовци и Јанковци, Голем Папрадник и Праленик. Дебар: Графобимс. стр. 112-113. ISBN 9989-908-42-7.

Надворешни врски

уреди