Црква „Св. Никола“ - Лешок

Свети Николај претставува црква во тетовското село Лешок. Оваа црква е единствената црква во селото која се наоѓа надвор од манастирскиот комплекс, Лешочки Манастир. Темелите на црквата биле пронајдени при средувањето на месноста каде жителите знаеле за постоење на многу гробови од свештеници и други лица, меѓутоа самата црква долго време била непозната. Се претпоставува дека таа била изградена во османлискиот период. Според историските податоци до кои дошле хроничарите, првпат старата црква „Свети Николај“ во писмена форма се споменува 1896 година во книгата на Ѓорче ПетровМатеријали за изучување на македонската историја“. Поради одредени археолошки показатели се смета дека црквата е изградена одамна.[2]

Свети Никола

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Теаречка
Местоположба

Карта

Координати 42°3′51.85″N 21°1′58.88″E / 42.0644028° СГШ; 21.0330222° ИГД / 42.0644028; 21.0330222
Место Лешок
Општина Теарце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 14 ноември 2010[1]
Архитектонски опис

На истото место жителите на Лешок традиционално секоја година на 19 декември со голема веселба го одбележуваат православниот празник Свети Никола зимски.[3] Црквата е возобновена на 14 ноември 2010 година, каде воедно било и осветено положувањето на камен-темелникот.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Димовски, Зоран (12 ноември 2010). „На возобнобената црква свети Николај во село Лешок во недела, 14 ноември 2010 година, ќе и се изврши чин на осветување на камен-темелник со почеток во 12 часот“. Кисс Тв. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-11-15.
  2. „Се гради црква врз стари темели во Лешок“. Нова Македонија. Посетено на 2010-11-15.
  3. „Ќе се возобнови црквата Свети Николај во Лешок“. Канал 5. 14 ноември 2010. Посетено на 2010-11-15.