Црква „Св. Димитриј“ - Граче

црква во Граче, Костурско

Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Граче, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Карта
40°27′41.9″N 21°4′31.5″E / 40.461639° СГШ; 21.075417° ИГД / 40.461639; 21.075417
МестоГраче, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1890
Управа
Архијерејско намесништвоНестрамско
ЕпархијаКостурска

Црквата е изградена во 1890 г. и направена е од камен. Претставува трикорабна базилика со фрески во апсидата на жртвеникот и на олтарот. Фреските во неа се пример за духовната уметност од крајот на XIX век.

Во 1991 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/6453/124/28-5-1991 - ΦΕΚ 866/Β/23-10-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-30. Посетено на 16 декември 2014.