Црква „Св. Атанасиј“ - Алистратик
Свети Атанасиј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου Αλιστράτης) — црква во селото Алистратик, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Атанасиј | |
---|---|
Αγίου Αθανασίου | |
Поглед на црквата | |
41°4′4″N 23°57′27″E / 41.06778° СГШ; 23.95750° ИГД | |
Место | Алистратик, Зихненско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XIX век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Зрновско |
Епархија | Зихненско-неврокопска |
Црквата претставува трикорабна базилика со двоводен покрив и понов нартекс. Точната година на изградба не е позната, но по архитектонските особености се датира во XIX век. Над главниот влез од надворешната страна има натпис кој вели дека новиот кат е изграден во 1893 г. и го дава името на дарителот. На исток излегува само средишната ниша на апсидата на жртвеникот. Женската црква го опфаќа западниот дел на храмот. Иконостасот е од XIX век и не е резбан. Од истиот период се иконите, царските двери, амвонот, киворот на чесната трпеза и големите резбани проскинитари. Во северозападниот агол на црквата има крстилница. На северозапад од црквата има монументална камена камбанарија.
„Св. Атанасиј“ била катедрала на Драмско-филипско-зихненската митрополија од 1753 г., па сè до потпаѓањето на Егејска Македонија под грчка власт во 1912 г. кога седиштето е преместено во Драма.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Αγ. Αθανασίου Αλιστράτης“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-10-17. Посетено на 17 октомври 2014.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Алистратик на Ризницата ?