Црква „Вознесение Христово“ - Дупјак
Вознесение Христово (грчки: Αναλήψεως του Κυρίου) — преродбеничка црква северно од селото Дупјак, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Вознесение Христово | |
---|---|
Αναλήψεως του Κυρίου | |
Поглед на црквата од југ | |
40°29′6″N 21°17′20″E / 40.48500° СГШ; 21.28889° ИГД | |
Место | Дупјак, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Завршена | XIX век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Рупишко |
Епархија | Костурска |
Црквата е изградена во XIX век.[1] Претставува трикорабна базилика со петкатна камбанарија западната фасада, трем на јужната и југозападната страна и една полукужна апсида на југ. Покривот е на две води, но со косини по ширината.
Според легендата, црквата ја изградил некој Турчин. За него работел еден овчар кој пошол да му ги пасе овците во месноста Ниси. Тука на овчарот му се поајвил Свети Спас и му кажал да му пренесе на газдата дека тука треба да се изгради цркви посветена на Вознесението Христово. Кога овчарот му ог раскажал ова на Турчинот, овој се налутил и го натепал, па отишол сам да си ги пасе овците. Нему исто така му се јавил Свети Спас и го го казнил за неговото неверство, така што Турчинот останал три дена во бессознание. Кога се свестил, станал христијанин и ја изградил црквата.[2]
Северно од црквата, меѓу неа и Костурското Езеро, во 1932 г. е откриена Дупјачката неолитна населба.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Η θρησκευτική και εμπορική πανήγυρις στο Δισπηλιό Καστοριάς“. Φούιτ.gr – Καστοριά. 29 мај 2014. Архивирано од изворникот на 2016-10-18. Посетено на 14 октомври 2016.
- ↑ „Ιεροί Ναοί-Εξωκκλήσια“. Εκπολιτιστικός Σύλλογος Δισπηλιού Καστοριάς. Посетено на 14 октомври 2016.
- ↑ Facorellis, Yorgos, Marina Sofronidou, Giorgos Hourmouziadis (2014). „Radiocarbon dating of the Neolithic lakeside settlement of Dispilio, Kastoria, Northern Greece“. Radiocarbon. 56 (2): 511. doi:10.2458/56.17456.
Надворешни врски
уреди- Црква „Вознесение Христово“ - Дупјак на Ризницата ?