Црква „Вознесение Христово“ - Беловиште

црква во селото Беловиште, Македонија

Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — селска црква во гостиварското село Беловиште, Македонија.

Вознесение Христово

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Гостиварска
Местоположба

Карта

Координати 41°46′38.48″N 20°55′54.04″E / 41.7773556° СГШ; 20.9316778° ИГД / 41.7773556; 20.9316778
Место Беловиште
Општина Гостивар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Спас
Архитектонски опис

Во минатото, црквата била дел од поголем манастир, кој бил разрушен од отоманската војска.[1]

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во западниот дел на селото Беловиште, сместена во шума.

Историја

уреди

Манастирот посветен на Свети Спас се наоѓал помеѓу лозја и во минатото располагал со ниви кои се протегале кон градот Гостивар. Сепак, отоманската војска го нападнала манастирот од страна на Сува Гора. Игуменот на манастирот ги повикал на помош околните селани, но на неговиот повик не се одѕвале селаните од Горна Бањица, Чајле, Горно Фалише и некои други. Најголема помош пружиле жителите на Врапчиште, но тие не успеале да го одбијат нападот и манастирот бил срушен, а игуменот го фатиле. И по рушењето на манастирот, мештаните на Беловиште продолжиле да се собираат таму за да го одбележат празникот Спасовден.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 181.

Надворешни врски

уреди