Цојленрода-Трибес
Цојленрода-Трибес (германски: Zeulenroda-Triebes) — германски град во округот Грајц, во покраината Тирингија.
Цојленрода-Трибес | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Грајц |
Градоначалник | Франк Штајнвакс (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 134,72 км2 |
Надм. височина | 415 м |
Население | 16.021 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 119 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GRZ |
Пошт. бр. | 07931–07937, 07950 |
Повик. бр. | 036628, 036622 |
Портал | www.zeulenroda-triebes.de |
Местоположба на градот Цојленрода-Трибес во рамките на округот Грајц | |
Координати | 50°38′55″N 11°58′50″E / 50.64861° СГШ; 11.98056° ИГД |
Цојленрода-Трибес се наоѓа во јужниот дел на округот Грајц во Тириншките Шкрилни Планини (Thüringer Schiefergebirge), на граница со Саксонија. Најпозната знаменитост во градот е неокласичното градско собрание, изградено во 1827. Цојленрода-Трибес е исто така познат по меѓународната женска велосипедска трка Тирингија.
Историја
уредиЦојленрода бил спомнат во документ најрано во 1325. Селото станало град во 1438. Цојленрода припаѓал на кнежевството Ројс неколку векови. На 16 април 1945, американската војска го зазела Цојленрода без никаков отпор. На 1 јули, Црвената армија го окупирала градот. Во 1949, Цојленрода и Трибес станале дел од Источна Германија. По повторното обединување на Германија во 1990, Слободната Држава Тирингија била повторно основана. Цојленрода се споил со Трибес во 2006. Новото име на градот е Цојленрода-Трибес.
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уредиЕнциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Zeulenroda“. |
„Цојленрода“ на Ризницата ? |
- Официјална страница Архивирано на 10 март 2007 г. (германски)
- Неофицијална страница на градот
- Округ Грајц Архивирано на 14 декември 2006 г.
Оваа статија за место во округот Грајц е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |