Цветко Јаковлески

Цветко Ташков Јаковлески ( 1925 во Лавчани, Кичевско1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Цветко Јаковлески
Роден 1925 година
Лавчани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1 октомври, 1943 година
Буковиќ (планина), Кичевско, првата слободна територија на Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Роден е во сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделство и сточарство. Како младинец се приклучил во воспитните групи во селото, а во ослободителната војска на Македонија стапил во летото 1943 година во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе акции. Во септември 1943 година заминал на Буковиќ со младинската чета на Мирко Милески да ја брани слободната територија и загинал на 1 октомври 1943 година во борба со балистите и Германците.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 68.