Цветан Велков Настески ( 1924 во Вранештица, Кичевско1944 во Струга) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Цветан Настески
Роден 1924 година
Вранештица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал ноември, 1944 година
Струга, Македонија
Националност Македонец

Животопис уреди

Бидејќи немал можност да се школува, останал во селото да се занимава со земјоделство и грнчарство. Во редовите на народно-ослободителната војска на Македонија стапил во есента 1944 година во Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за конечното ослободување на Македонија. Загинал во борбите за ослободувањето на Струга во ноември 1944 година.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 90.