Милан Стефанов Настески ( 1920 во Вранештица, Кичевско15 ноември 1944 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Милан Настески
Роден 1920 година
Вранештица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 15 ноември, 1944 година
Кичево, Македонија
Националност Македонец

Животопис уреди

Произлегувал од селско семејство, кое се занимавало со земјоделство. Во текот на 1943 година бил мобилизиран од бугарскиот окупатор. Запознат со намерите и постапките на окупаторите, по враќањето од војска доброволно стапил во редовите на НОВ во Првата македонска бригада. Загинал во борбите за ослободувањето на Кичево на 15 ноември 1944 година.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 89.