Царство Гупта
Царство Гупта ― древно индиско царство кое постоело од почетокот од 4 век до почетокот од 6 век. Во својот зенит, приближно од 319 до 467 година, зафаќало голем дел од Индискиот Потконтинент. Овој период историчарите го сметаат за златно доба на Индија.[6] Владејачката династија на царството била основана од Гупта, а најзначајни владетели од оваа династија биле Чандрагупта I, Самудрагупта, Чандрагупта II и Скандагупта. Санскритскиот поет Калидаса од 5 век навел дека Гупта освоиле дваесет и едно кралство, во и надвор од Индија, меѓу кои и персиските, хунските и камбоџанските кралства, племињата сместени по течението на реката Аму Дарја и други.[7] [8] [9]
Царство Гупта | |
---|---|
4-ти век–6-ти век | |
Статус | Царство |
Главен град | Паталипутра Ајодја[2][3] |
Говорени јазици | Санскрит (книжевен и академски); Пракрит (обичен говор) |
Вероисповед | |
Демоним(и) | Индијци |
Уредување | Монархија |
Цар | |
• ок. крај на 3 век | Гупта (прв) |
• ок. 540 – ок. 550 CE | Вишнугупта |
Историски период | Древна Индија |
• Основана | 4-ти век |
• Престанала да постои | 6-ти век |
Површина | |
400 г. (проценка)[4] | 3.500.000 km2 (1,400,000 sq mi) |
440 г. (проценка)[5] | 2.500.000 km2 (970,000 sq mi) |
За време на владеењето на Самудрагупта, Чандрагупта II и Кумарагупта I имало голем културен напредок во државата. Многу хиндуистички епови и книжевни списи, како Махабхарата и Рамајана, биле создадени во овој период.[10] Во царството работеле научници како Калидаса,[11] Арјабхата, Варахамихира и Ватјајана, кои прилично напреднале многу академски области.[12] [13][14] Во овој период имало извонредни достигнувања во архитектурата, вајарството и сликарството кои „поставија стандарди на формата и вкусот [кои] потоа го определија целиот тек на уметноста, не само во Индија туку и многу подалеку од нејзините граници“.[15] Поради силните трговски врски, регионот бил важен културен центар кој своето влијание го проширил на блиските кралства и региони во Индија и Југоисточна Азија.[16] Хиндуизмот процветал во Царството Гупта, но династијата Гупта била толерантна кон луѓето од други вери.[17]
Царството пропаднало поради различни фактори како значителната загуба на територија, но и поради инвазијата на Хуните (Кидарити и Алхон Хуни) од Средна Азија.[8] [18] По распадот на Царството Гупта во 6 век, на територијата на Индија повторно се појавиле многу регионални кралства.
Историја
уредиГупта (Гуптанско писмо : , сп. доцниот 3 век н.е.) е прв познат крал од династијата.[19] [8] Тој го основал Царството Гупта и владеел со него од околу 240 до 280 година додека неговиот наследник Гатоткача, наведен во натписите како махараџа, веројатно владеел помеѓу 280 и 319 година. Него го наследил син му Чандрагупта I, ок. 319 -335 година.[20]
Во натписот од Алахабад, Гупта и Гатоткача се опишани како Махараџи („голем крал“), а Чандрагупта I е наречен Махараџадираџа („крал на големите кралеви“). Во подоцнежниот период, титулата Махараџа ја користеле феудаторските владетели, што довело до претпоставки дека Гупта и Гатоткача биле вазали (најверојатно на Царството Кушан). [8] Сепак, постојат неколку примери на суверени владетели кои ја користеле титулата Махараџа (во периодот пред и по Гупта) така што ова не може да со сигурност да се потврди. Сепак, нема сомнеж дека Гупта и Гатоткача имале понизок статус и помала моќ од Чандрагупта I. [21]
Чандрагупта I се оженил со личависката принцеза Кумарадеви, што можеби му помогнало да ја прошири својата политичка моќ и доминација, и му овозможило да ја усвои царската титула Махараџадхираџа.[21] Според официјалните записи на династијата, него го наследил неговиот син Самудрагупта. Меѓутоа, откако биле откриени монети издадени од владетел на Гупта по име Кача се развила дебата на оваа тема: според една теорија, Кача било друго име за Самудрагупта; друга можност е дека Кача бил претендент за престолот.[19]
Самудрагупта
уредиСамудрагупта го наследил татко му околу 335 или 350, и владеел до 375 година.[19]
На почетокот на неговото владеење тој ги освоил кралствата Шичхатра и Падмавати, а потоа ја проширил својата власт во Кралството Кота и ги нападнал племињата (Јаудхеја, Арџунајана, Мадура и Абхира) од регионот Малва (сега индиската држава Мадја Прадеш). Пред неговата смрт во 375 година, неговата територија се протегала од Хималаите до реката Нармада и од Брамапутра до Јамуна. Тој ја презел титулата „Голем крал на кралевите“ и „Монарх на светот“. За да ги прослави своите освојувања, тој го практикувал обредот на жртвување на коњи (ашвамеда, кој го користеле древните индиски кралеви за да ја докажат својата царска сувереност) и ковал златници на кои е прикажано жртвувањето.[8]
На дворот на Самудрагупта живееле важни научници, како Харишена, Васубанду и Асага, а и самиот крал бил поет и музичар. Тој бил поддржувач на хиндуизмот и бил посветен на богот Вишну.[19] [21] но покажал толеранција кон другите религии и му дозволил на будистичкиот крал од Шри Ланка да изгради манастир во Бод Гаја.[22]
Рамагупта
уредиРамагупта бил брат на Чандрагупта. Рамагупта е познат од драмата од шестиот век, Девичандрагупта, во која тој својата сопруга ја предава на непријателот Сака, а неговиот брат Чандрагупта мора да се прикраде во непријателскиот логор за да ја спаси и да го убие кралот Сака. Точноста на овие настани не е потврдена, но постоењето на Рамагупта е потврдено со три џаински статуи пронајдени во Дурјанпур, каде тој е наречен Махараџадхираџа. Пронајдени се и многу негови бакарни монети во регионот Еран - Видиша.[8]
Чандрагупта II „Викрамадитја“
уредиСпоред записите од Гупта, Самудрагупта го именувал Чандрагупта II за негов наследник. Чандрагупта II Викрамадитја (победа на сонцето), владеел од 375 до 415 година. Тој се оженил со принцезата Кадамба од Кунтала. Нивната ќерка Прабхаватигупта се омажила за Рудрасена II, владетелот на Вакатака од Декан.[24] Неговиот син Кумарагупта I бил оженет со принцезата Кадамба од регионот Карнатака. Чандрагупта II го проширил своето царство на запад, покорувајќи ги царствата во Малва, Гуџарат и Саураштра во кампања која траела до 409 година. Неговиот главен противник Рудрасимха III бил поразен со 395, а ги уништил и бенгалските поглавари. Со ова неговата територија се протегала од еден брег до друг, и основал втор главен град во Уџаин. Натписите од Кунтала укажуваат дека Чандрагупта владеел и со регионот Кунтала во индиската држава Карнатака.[25]
За време на неговото владеење имало процут во уметноста, кножевноста, културата и науката. Изрезбаните панели во храмот Дашаватара во Деогар припаѓаат на овој период. Просперитет доживеале и будистичката и џаинистичката култура, а будистичката уметност од периодот на Гупта била влијателна во поголемиот дел од Источна и Југоисточна Азија. Се смета дека познатиот поет Калидаса живеел на неговиот двор.
Кумарагупта I
уредиЧандрагупта II бил наследен од неговиот втор син Кумарагупта I. Кумарагупта ја презел титулата, Махендрадитја. [8] Владеел од 414 до 455 година. Кон крајот на неговото владеење војувал со племето Пушјамитра и со Кидарите.[27]
Тој го основал Наландскиот универзитет кој на 15 јули 2016 година бил прогласен за светско наследство на УНЕСКО.[28] Кумарагупта бил обожавател на Картикеја.
Скандагупта
уредиКумарагупта I бил наследен од неговиот син Скандагупта, кој обично се смета за последен од големите владетели на Гупта. Тој ги презел титулите Викрамадитја и Крамадитја.[24] Успеал да ја искорени заканата од Пушјамитра и го одбранил царството од инвазиите на Белите Хуни од североисток (околу 455) и за своите победи ја презел титулата Викрамадитја.
Но трошоците за војна ги исцрпиле ресурсите на царството и придонеле за нејзиниот пад. Натпис на столб во Битари кој го напишал Скандагупта кажува дека царството било речиси уништено по нападите на Кидарите.[29] Најверојатно Кидарите го освоиле западниот дел од Царството Гупта.[29]
Скандагупта умрел во 467 година и бил наследен од неговиот агнат брат Пуругупта.[24]
Слабеење и пад на царството
уредиПо смртта на Скандагупта, царството почнало да слабее,[30] а кованица од Царството Гупта укажува дека ја загубиле контролата врз поголемиот дел од Западна Индија по 467–469 година. Скандагупта бил наследен од Пуругупта (467–473), а по него следувале Кумарагупта II (473–476), Будагупта (476–495), Нарасимхагупта (495–530), Кумарагупта III (530–540), Вишнугупта (540–550), и два помалку познати кралеви Вајњагупта и Банугупта.
Кон крајот на 490-тите, Алхонските Хуни под водство на Торамана и Михиракула ја пробиле одбраната на Царството Гупта на северозапад, и до 500-та година голем дел од територијата во северозападниот дел била освоена. Според некои научници, царството се распаднало под нападите на Торамана и неговиот наследник Михиракула.[31][32] Според натписите се претпоставува дека Гупта, иако со многу намалена моќ, продолжило да им се спротивставува на Хуните. Хунскиот освојувач Торамана бил поразен од Банугупта во 510 година.[33][34] Хуните биле поразени и протерани од Индија во 528 година од кралот Јашодарман од Малва, а можеби и заедно со царот од Гупта Нарасимхагупта.[35]
Овие инвазии, иако траеле само неколку децении, имале долгорочен ефект врз Индија и во одредена смисла довеле до крај на традиционалната индиска цивилизација.[36] Набргу по инвазиите, Царството Гупта пропаднало.[37] Северна Индија била во неред, по распаѓањето на Гупта на нејзино место се појавиле многу помали индиски држави.[38] Се смета дека инвазиите на Хуните сериозно ја оштетиле трговијата на Индија со Европа и Средна Азија,[36] и со тоа предизвикале пад на приходите од трговијата.[39]
Наводи
уреди- ↑ Schwartzberg, Joseph E. (1978). A Historical atlas of South Asia. Chicago: University of Chicago Press. стр. 145, map XIV.1 (j); p.25. ISBN 0226742210. Архивирано од изворникот 24 February 2021. Посетено на 12 February 2022.
- ↑ Bakker, Hans (1984), Ayodhya, Part 1: The History of Ayodhya from the seventh century BC to the middle of the 18th century, Groningen: Egbert Forsten, стр. 12, ISBN 90-6980-007-1
- ↑ * Hans T. Bakker (1982). „The rise of Ayodhya as a place of pilgrimage“. Indo-Iranian Journal. 24 (2): 105. doi:10.1163/000000082790081267. S2CID 161957449.
During the reign of either the emperor Kumāragupta or, more probably , that of his successor Skandagupta ( AD 455–467 ), the capital of the empire was moved from Pāțaliputra to Ayodhyā...
- ↑ Turchin, Peter; Adams, Jonathan M.; Hall, Thomas D (December 2006). „East-West Orientation of Historical Empires“. Journal of World-Systems Research. 12 (2): 223. doi:10.5195/JWSR.2006.369. ISSN 1076-156X.
- ↑ Taagepera, Rein (1979). „Size and Duration of Empires: Growth-Decline Curves, 600 B.C. to 600 A.D“. Social Science History. 3 (3/4): 121. doi:10.2307/1170959. JSTOR 1170959.
- ↑ N. Jayapalan, History of India, Vol.
- ↑ Raghu Vamsa v 4.60–75
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 Ashvini Agrawal 1989.
- ↑ Upinder Singh 2017.
- ↑ Gupta dynasty (Indian dynasty) Архивирано на {{{2}}}..
- ↑ Keay, John (2000). India: A history. Atlantic Monthly Press. стр. 151–52. ISBN 978-0-87113-800-2.
Kalidasa wrote ... with an excellence which, by unanimous consent, justifies the inevitable comparisons with Shakespeare ... When and where Kalidasa lived remains a mystery. He acknowledges no links with the Guptas; he may not even have coincided with them ... but the poet's vivid awareness of the terrain of the entire subcontinent argues strongly for a Guptan provenance.
- ↑ Vidya Dhar Mahajan 1990.
- ↑ Keay, John (2000). India: A history. Atlantic Monthly Press. стр. 132. ISBN 978-0-87113-800-2.
The great era of all that is deemed classical in Indian literature, art and science was now dawning. It was this crescendo of creativity and scholarship, as much as ... political achievements of the Guptas, which would make their age so golden.
- ↑ Gupta dynasty: empire in 4th century Архивирано на {{{2}}}..
- ↑ J.C. Harle 1994.
- ↑ Trade | The Story of India – Photo Gallery Архивирано на {{{2}}}..
- ↑ Nath sen, Sailendra (1999). Ancient Indian History and Civilization. Routledge. стр. 227. ISBN 9788122411980. Архивирано од изворникот на 7 May 2021. Посетено на 30 August 2020.
- ↑ Grousset, Rene (1970). The Empire of the Steppes. Rutgers University Press. стр. 69. ISBN 978-0-8135-1304-1.
- ↑ 19,0 19,1 19,2 19,3 Tej Ram Sharma 1989.
- ↑ „The Gupta Empire | Boundless World History“. courses.lumenlearning.com. Архивирано од изворникот на 28 December 2020. Посетено на 30 January 2021.
- ↑ 21,0 21,1 21,2 R.C. Majumdar 1981.
- ↑ Tej Ram Sharma 1989, стр. 90.
- ↑ Smith, Vincent Arthur (1911). A history of fine art in India and Ceylon, from the earliest times to the present day. Oxford: Clarendon Press. стр. 170–171.
- ↑ 24,0 24,1 24,2 H.C. Raychaudhuri 1923.
- ↑ „Annual Report Of Mysore 1886 To 1903“.
- ↑ Prasanna Rao Bandela (2003). Coin splendour: a journey into the past. Abhinav Publications. стр. 112–. ISBN 978-81-7017-427-1. Архивирано од изворникот на 29 May 2013. Посетено на 21 November 2011.
- ↑ History of Civilizations of Central Asia, Ahmad Hasan Dani, B.A. Litvinsky, UNESCO pp. 119–
- ↑ „Nalanda University Ruins | Nalanda Travel Guide | Ancient Nalanda Site“. Travel News India (англиски). 5 October 2016. Архивирано од изворникот на 11 February 2017. Посетено на 20 February 2017.
- ↑ 29,0 29,1 The Huns, Hyun Jin Kim, Routledge, 2015 pp. 50–
- ↑ Sachchidananda Bhattacharya, Gupta dynasty, A dictionary of Indian history, (George Braziller, Inc., 1967), 393.
- ↑ "The Alchon Huns....established themselves as overlords of northwestern India, and directly contributed to the downfall of the Guptas" in Neelis, Jason (2010). Early Buddhist Transmission and Trade Networks: Mobility and Exchange Within and Beyond the Northwestern Borderlands of India (англиски). BRILL. стр. 162. ISBN 9789004181595. Архивирано од изворникот на 3 January 2022. Посетено на 20 May 2019.
- ↑ Bakker, Hans (2017), Monuments of Hope, Gloom and Glory in the Age of the Hunnic Wars: 50 years that changed India (484–534), Royal Netherlands Academy of Arts and Sciences, Section 4, ISBN 978-90-6984-715-3, Архивирано од изворникот на 11 January 2020, Посетено на 20 May 2019
- ↑ Ancient Indian History and Civilization by Sailendra Nath Sen p. 220
- ↑ Encyclopaedia of Indian Events & Dates by S B. Bhattacherje p.
- ↑ Columbia Encyclopedia
- ↑ 36,0 36,1 The First Spring: The Golden Age of India by Abraham Eraly pp. 48– Архивирано на 5 јануари 2020 г.
- ↑ Ancient Indian History and Civilization by Sailendra Nath Sen p. 221
- ↑ A Comprehensive History Of Ancient India p. 174
- ↑ Longman History & Civics ICSE 9 by Singh p. 81
Библиографија
уреди- Ashvini Agrawal (1989). Rise and Fall of the Imperial Guptas. Motilal Banarsidass. ISBN 978-81-208-0592-7. Архивирано од изворникот 8 January 2020. Посетено на 29 August 2018.
- Dilip Kumar Ganguly (1987). The Imperial Guptas and Their Times. Abhinav. ISBN 978-81-7017-222-2. Архивирано од изворникот 8 January 2020. Посетено на 29 August 2018.
- H.C. Raychaudhuri (1923). Political History of Ancient India: From the Accession of Parikshit to the Extinction of the Gupta Dynasty. University of Calcutta. ISBN 978-1-4400-5272-9.
- J.C. Harle (1994). The Art and Architecture of the Indian Subcontinent. Yale University Press. ISBN 978-0-300-06217-5.
- R.C. Majumdar (1981). A Comprehensive History of India. 3, Part I: A.D. 300-985. Indian History Congress / People's Publishing House. стр. 17–52. OCLC 34008529.
- Shankar Goyal (2001). Problems of Ancient Indian History: New Perspectives and Perceptions. Book Enclave. ISBN 978-81-87036-66-1. Архивирано од изворникот 11 January 2020. Посетено на 13 December 2018.
- Tej Ram Sharma (1989). A Political History of the Imperial Guptas: From Gupta to Skandagupta. Concept. ISBN 978-81-7022-251-4. Архивирано од изворникот 13 January 2020. Посетено на 29 August 2018.
- Vidya Dhar Mahajan (1990). A History of India. State Mutual Book & Periodical Service. ISBN 978-0-7855-1191-5. Архивирано од изворникот 10 January 2020. Посетено на 29 August 2018.
- Upinder Singh (2017). Political Violence in Ancient India. Harvard University Press. ISBN 978-0-674-98128-7. Архивирано од изворникот 10 January 2020. Посетено на 13 December 2018.