Царева Чешма (Шопско Рударе)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Царева Чешма - Локва

Карта

Местоположба 42°4′59.5″N 21°59′10.1″E / 42.083194° СГШ; 21.986139° ИГД / 42.083194; 21.986139
Основни податоци
Место Шопско Рударе
Општина Кратово
Тип

 населба


Период неолитско време
железно време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Царева Чешма или Локва — населба од неолитското, железното и доцноантичкото време кај кратовското село Шопско Рударе.

Помеѓу селата Шопско Рударе и Татомир[1]. се наоѓа месноста Царева Чешма која претставува тесна долина. Во непосредната близина на чешмата се издига ниска чука што доминира во долината. На површината на чуката се среќаваат фрагменти од керамички садови со фина и груба фактура и претежно со сива боја, карактеристични за неолитот и за железно време. Во доцноантичкото време теренот исто така бил користен, на што упатува големиот број делови од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Населбата била оградена со масивен бедем, делумно зачуван во темелите. Според податоците од мештаните, најдени се неколку монети од римскиот период и рановизантиски кои се чуваат кај В. Поповски, учител во селото.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Топонимијата на Кратовскиот регион“. Архивирано од изворникот на 2020-09-25. Посетено на 2020-08-13.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 183. ISBN 9989649286.