Хумус[1] (на арапски:حمص; на хебрејски: חומוס; на сириски: ḥemṣē ṭḥīnē, на ерменски: համուս) — вид јадење од Блискиот Исток, чии вообичаени состојки се пире од наут и таан (пире од сусам).[2] Тоа е типично јадење во арапската, еврејската, ерменската и левантската кујна.

Хумус
Сервиран хумус
Дел од оброкотмезе
РегионБлизок Исток
Температура на послужувањесобна температура
Главни состојкинаут, таан

Потеклото на ова јадење е многу спорно: Најмалку седум земји се сметаат себеси за татковина на хумусот. Се извезува и во Европа или Америка.

Етимологија

уреди

Поимот „хумус“ значи „наут“ на арапски (Предлошка:Langue) и на хебрејски (חומוס).

Потекло

уреди

Дивиот наут e ендемски вид на Плодната Полумесечина и затоа неговото одгледување започнало во оваа област. Најстарите археолошки докази за припитомување на овој зеленчук се датирани од 9.900 до 9.500 година пред нашата ера. Првите спомнувања на јадењето датираат од VIII век пр.н.е. во Месопотамија. Модерниот облик на хумус се појавил во Отоманското Царство во текот на XV век.

Според тоа, земјата на потекло на хумусот е непозната, но најмалку осум земји се кандидати, Либан, Израел и Палестина се најактивни на оваа тема, но и Грција, Турција, Јордан, Сирија и Египет. Печатот редовно известува за „хумусната војна“. За неа има снимено и документарен филм.

Нутритивен интерес

уреди

Хумусот содржи наут кој, како и сите мешунки, обезбедува растителни белковини. Сусамот обезбедува снабдување со метионин, една од осумте неопходни аминокиселини.

Тоа е исто така храна богата со растителни влакна, а нејзините масти се главно мононезаситени.

Подготовка

уреди
 
Украсен хумус.

Сварениот наут, откако ќе се направи многу фино пире, се меша со таанот. Кремастата каша се зачинува со издробен лук, сол и сок од лимон.

Хумусот се служи ладен со маслиново масло, обично попрскан со мелен ким и алепо пипер. Исто така, вообичаено е да се украсува садот со магдонос, наут или домати исечени на мали коцки.

Слично јадење направено од модри патлиџани се нарекува баба гануш.

Наводи

уреди
  1. „хумус“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Davidson, Alan (21 August 2014). The Oxford Companion to Food. OUP Oxford. ISBN 9780191040726 – преку Google Books.