Христо Галабов

(Пренасочено од Христо Галбов)

Христо Галабов некаде се сретнува и како Христо Галбов (грчки: Хρεστος Γκαλμπος) ( 1898 во Желегоже, Костурско, Егејска Македонија30 ноември 1963) — македонски револуционер, член на ВМРО (Обединета), активист на македонското националноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија.[1][2]

Христо Галабов
Роден 1898 година
Желегоже, Егејска Македонија
Починал 30 ноември 1963 година
Националност Македонец
Познат Член на КПГ

Член на ВМРО (Обединета)

Животопис

уреди

Во 1925 година станал член на синдикатите, а набрзо и синдикален раководител. Член на КПГ станал во 1919 година. Од 1934 година станал член и заменик секретар на ВМРО (Обединета) во Егејскиот дел на Македонија.[3][4] Поради својата револуционерона дејност, многупати бил затворан и интерниран. Во грчките затвори лежел повеќе од дваесет години.[1][2]

По доаѓањето на власт на диктатурата Метаксас во август 1936 година. Новиот режим ги прогласил КПГ и ВМРО (Обединета) за нелегални и ги вовела големите масовни апсења, гонења и интернирања кон нивните членови. Меѓу погодените од ова беа Андреа Чипов, Лазо Трповски, Христо Галабов, Трифун Хаџијанев, Алеко Тенекеџиев, Фоти Урумов и Коста Думов. Така нагло згаснало и постоењето на ВМРО (Обединета) во грчка окупирана Македонија.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 123. ISBN 9989-624-46-1.
  2. 2,0 2,1 Литовски, Александар, Јубилеен календар за егејскиот дел на македонија во 2008, Организација на македонците-потомци од Егејскиот дял на Македонија - Битола, стр. 7 (pdf)
  3. Стефов, Ристо (2018). Егејскиот дел на Македонија (PDF). Торонто, Канада: Risto Stefov Publications. стр. 91.
  4. Катарџиев, Иван (2000). Историја на македонскиот народ: Македонија међу Балканските и Втората светска војна (1912-1941). Том четврти. Institut za nacionalna istorija. ISBN 978-9989-624-52-0.
  5. Стефов, Ристо (2023). Македонската борба за независност (PDF). Торонто, Канада: Risto Stefov Publications. стр. 403–404.

Надворешни врски

уреди