Трифун Хаџијанев
Трифун Хаџијанев (Воден, 1893 — Атина, Грција, 1944) — македонски комунист и револуционер од Егејска Македонија.
Животопис
уредиРоден е во 1893 година во градот Воден. Хаџијанев е еден од основачите на Месниот комитет на Комунистичката партија на Грција во Воден. Бил репресиран од грчките власти. Во 1944 година бил ликвидиран од германските власти, заедно со уште 200 комунисти во затворот Хајдари, близу до Атина.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Егејскиот дел на Македонија — Трифун Хаџијанев“. www.facebook.com. Посетено на 2023-09-23.