Христо Ампов
Христо Ампов — ( 1896 во Дојран — 1982 во Софија, Бугарија). Учесник во македонското револуционерно движење.[1][2]
Христо Ампов | ||
Роден | 1896 Дојран | |
---|---|---|
Починал | 1982 Софија |
Животопис
уредиЗавршил гимназија во Солун. По првата светска војна бил член на Македонското студентско друштво во Софија и негов благајник. Одржувал врски со Привременото претставништво на бившата ВМРО Обединета. Бил член на ВМРО (Обединета), а по убиството на Симеон Кавракиров, станал секретар на Третиот областен комитет на ВМРО (Обединета), за пиринскиот дел на Македонија. Во своето политичко дејствување се залагал за зближување на ВМРО (Обединета) со протогеровистичката струја на ВМРО и за обединување на националфедералистичката струја на ВМРО (Обединета), врз платформата за единствен македонски револуционерен фронт.
Бил учесник на Цариградската конференција на ВМРО (Обединета) во 1929 година. По Втората светска војна активно учествувал во работата на Сојузот на македонските емигрантски друштва во Софија и во Македонскиот научен институт. Како претставник на македонската емиграција во Бугарија, учествувал на Второто заседание на АСНОМ (декември 1944), во Скопје.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 25. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 18. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)