Македонско студенско друштво

Македонското студенско друштво - Дружба е асоцијација на македонските студенти и интелектуалци во Софија, Бугарија. Друштвото било формирано кон крајот на 1890 година од страна на македонските студенти во Софија. Негови по истакнати членови биле: Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев, Никола Дејков и Никола Наумов. Посебна улога при формирањето на друштвото имал Коста Шахов.[1] Асоцијацијата била конспиративна а нејзината дејност требало да се легализира преку издавање на едно списаније.

Цел на Друштвото

уреди
  1. Ослободување на Македонија од турското ропство[2]
  2. Формирање на револуционерна организација во Македонија[2]
  3. Врбување на истомисленици и нивно препраќање во Македонија[2]
  4. Издавање на едно списание што ќе се спротивстави не само на турскиот терор, туку и на туѓите пропаганди што го цепат македонскиот народ на Бугари, Грци и Срби [2]

Распуштање

уреди

Во март 1891 година по убиството на бугарскиот министер за финансии Белчев, бугарските власти ги уапсиле Дамајан Груев и Никола Наумов и поради тоа друштвото решило да се самораспушти за да бидат избегнати предвремени жртви. Неколку месеци подоцна од оваа друштво ќе призлезе Лозарското движење[2]

Извори

уреди
  1. Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски факултет, страна 216