Хосе Луис Родригес Сапатеро
Хосе Луис Родригес Запатеро (шпански: Jose Luis Rodriguez Zapatero; р. 4 август 1960) поранешен претседател на Владата на Шпанија. Запатеро победил на изборите двапати по ред, првпат во 2004 година и повторно во 2008 година од тогаш неговата Социјалистичка партија го има мнозинството во шпанскиот Кортес.
Хосе Луис Родригес Сапатеро | |
---|---|
На должноста | |
Стапил 17 април 2004 — 21 декември 2011 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 4 август 1960 Ваљадолид, Шпанија |
Партија | Социјалистичка работничка партија на Шпанија |
Сопружник | Сонсолес Еспиноза |
Деца | Лаура Родригес Еспиноза, Алба Родригес Еспиноза |
Професија | дипломирани правник |
Вероисповед | Агностик |
Хосе Луис Родригес Запатеро е роден во Ваљадолид, како син на Хуан Родригес Гарсије-Лозан и Марија де ла Пурификасион Запатеро и Валеро. Неговиот дедо по таткото, Хуан Родригес и Лозано, бил републикански капетан, кој го стрелале припадниците на Франковата Национална армија.
Во 1982 година дипломирал право на Универзитетот во Леон, каде се вработил како асистент по предметот уставно право. Во Леон во 1981 година ја запознал и својата идна сопруга Сонсолес Еспиноса. Се венчале во 1990 година и имаат две ќерки Лаура (1993) и Алба (1995).
Запатеро и неговото семејство биле симпатизери на Комунистичката партија, единствена организирана партија пред франковата смрт во 1975 година. Запатеро станува член на Социјалистичката партија на Шпанија на 23 февруари 1979година. Импресиите кои ги предизвикал во него Фелипе Гонсалес биле клучни за неговата одлука да пристапи во партијата. Во 1982 година станува претседател на младинската организација на социјалистите во покраината Леон. На изборите во 1986 година е изабран во Кортес, со што станува најмлад пратеник.
На изборите во 2000година Социјалистичката партија изгубила на изборите по вторпат по ред од Азнаровата Народна партија. Запатеро го задржал своето место, но Социјалистичката партија освоила само 125 места, 16 помалку отколку на изборите во 1996 година. Запатеро одлучува да се кандидира за генерален секретар. Заедно со некои свои партиски колеги, основал нова фракција во внатрешноста на партијата наречена Нов пат (Nueva Via). Новиот пат е микс на зборовите на Тони Блеровиот „Трети пат“ и „Нов центар“ на Герхард Шредер. Запатеро го победил со многу мала разлика својот противник Хосе Боно на внатрепартиските избори на 22 јули 2000година.