Хоне (германски: Hohne) — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината била создадена од поранешните самостојни општини Хоне, Хелмеркамп и Шпехтсхорн.

Хоне
Црква „Св. Спас“ во Хоне
Црква „Св. Спас“ во Хоне
Црква „Св. Спас“ во Хоне
Грб на Хоне
Хоне во рамките на Германија
Хоне
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Целе
Општ. заед. Лахендорф
Градоначалник Криста Хармс (ДХС)
Основни податоци
Површина 36,47 км2
Надм. височина 48 м
Население 1.676 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 46 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. CE
Пошт. бр. 29362
Повик. бр. 05083
Портал www.lachendorf.de
Местоположба на Хоне во рамките на округот Целе
Карта
Карта
Координати 52°34′0″N 10°22′0″E / 52.56667° СГШ; 10.36667° ИГД / 52.56667; 10.36667

Географија

уреди

Хоне се наоѓа на реката Вие, десна притока на Шварцвасер, која се влева во Алер близу Швахаузен.

Историја

уреди

Најрано спомнување на местото е на Спасовден во 1313 година кога Бере де Хоне (Bere de Hone) наследил фарма кај Хоне од манастирот „Св. Егедин“ во Брауншвајг. Овој манастир бил основан пред 1115 година.

Религија

уреди

Мнозинството жители на Хоне се лутеранци и припаѓаат на црквата „Св. Спас“ (Himmelfahrtskirche). Во оваа парохија влегуваат и селата Хелмеркамп, Ханенхорн, Шпехтсхорн, Полхефен и Умерн.

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски

уреди