Питер Шурдс Хербранди

Питер Шурдс Хербранди (роден како Питер Хербрандиј ; 13 април 1885 - 7 септември 1961 година) бил холандски државник кој како премиер на Холандија (3 септември 1940 година - 25 јуни 1945 година) вршел надзор на владата во егзил за време на германската окупација на Холандија.[1]

Неговото височество
Питер Шурдс Хербранди
Питер Шурдс Хербранди во 1941
Премиер на Холандија
На должноста
3 септември 1940 – 25 јуни 1945
Монарх Вилхелмина
Претходник Дирк Јан де Хир
Наследник Вилем Шермерхорн
Лични податоци
Роден(а) Питер Хербрандиј
13 април 1885(1885-04-13)
Гоенга, Холандија
Починал(а) 7 септември 1961(1961-09-07) (возр. 76)
Хаг, Холандија

Живот уреди

Питер Шурдс Хербранди е роден на 13 април 1885 година во селото Гоенга во близина на Снек, во покраината Фризија, Холандија. Хербранди докторирал право во јануари 1911 година, и од 1911 до 1920 година да работел како адвокат и обвинител.

Политика уреди

Од 1920 до 1930 година, бил член на Покраинскиот совет на Фризија од Антиреволуционерната партија (АРП), а од 1930 до 1939 година бил професор по право на Слободниот универзитет во Амстердам. Во 1939 бил назначен за министер за правда и покрај противењето на неговата партија.

Втора светска војна уреди

По германската победа во битката за Холандија во 1940 година, холандското кралско семејство и многу водечки политичари побегнале во Лондон и формирале влада во егзил. Истата година, по оставката на Дирк Јан де Хир, кралицата Вилхелмина го назначила Хербранди за премиер на холандската влада во егзил. Тој исто така ја вршел должноста министер за правда и министер за колонијални прашања.

По Втората светска војна уреди

По ослободувањето на јужниот дел на Холандија во 1945 година, Хербранди формирал нов кабинет, но поднел оставка по целосното ослободување на Холандија (јуни 1945). Во 1948 година, Хербранди повторно станал член на холандскиот парламент; од каде што поднел оставка во 1958.

Питер Шурдс Хербранди починал на 7 септември 1961 година во Хаг, на 76-годишна возраст.

Наводи уреди

  1. (на холандски) GERBRANDIJ, Pieter (1885–1961)