Применета физика
Применета физика — општ поим за физиката чии истражувања се насочени кон определена техничка или практична примена. Се смета за мост меѓу физиката и инженерството.[1]
Разликата меѓу „применета“ и „теориска“ физика се состои во повеќе чинители како поттикот и ставот на научникот и тоа каков е односот со технологијата или науката што се опфаќа со таа работа.[2] За разлика од инженерството, приментата физика не се занимава со осмислување или изработка на нешто конкретно, туку со спроведување на истражувања или опити кои би овозможиле развој на нова технологија или решавање на некој проблем. Со други зборови, таа се заснова на физичките законитости и начела, но разгледува како тие можат да се употребат кај практични уреди или системи.[3]
Примери за полиња на истражување
уреди- транзисторот, which was first invented by physicists Џон Бардин, Волтер Хаузер Братејн и Вилијам Шокли во 1947 г.
- ласерите
- фотонски кристали и квантна оптика
- полуспроводници
- забрзувачи на честички
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Applied Physics at Caltech - Overview“. Caltech. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 10 September 2011.
- ↑ „General Information on Applied Physics“. Stanford Department of Applied Physics. Архивирано од изворникот на 7 March 2007.
- ↑ „Department of Applied Physics / Major in Pure and Applied Physics“. Waseda University. Посетено на 10 September 2011.