Хелски Провлак
Хелски Провлак или Хелски Полуостров (полски: Mierzeja Helska, Półwysep Helski; кашупски: Hélskô Sztremlëzna; германски: Halbinsel Hela) — песочен провлак или полуостров во северна Полска кој го дели Пучкиот Залив од Балтичкото Море. Долг е 35 км и влегува во состав на Пучкиот Округ на Поморското Војводство.
Географија
уредиПолуостровот има ширина од 300 м кај Јурата до 100 м во најтесниот дел, при што завршниот дел е широк 3 км. Бидејќи се состои само од песок, честопати зимските бури го отсекуваат од копното и образуваат остров. Сè до XVII век провлакот ова било островска верига[1] која се спојувала во полуостров само преку летото.
Долж провлакот минуваат пат и железница кои го поврзуваат копното со крајната точка — туристичкото гратче Хел. Други населени и посетителски места на полуостровот се Јурата, Јастарња, Кужњица, Халупи и Владиславово.
Воено значење
уредиВо минатото, Хелскиот Провлак бил во состав на Прусија, а потоа и во Германија, од 1772 до 1919 г. По Првата светска војна провлакот ѝ припаднал на Полска, и добил големо воено значење (Полски коридор) со изградбата на утврдувања и гарнизон од 3.000 војници. Тука во 1939 г. се одиграла Хелската битка, во која полската војска го минирала преовлакот, привремено претворајќи го во остров.
За време на германската окупација (1939–1945)[2], одбранбените утврдувања се проширени и поставен е голем поморски топ, но истиот е набргу преселен на Атлантскиот ѕид во Франција. Полуостровот останал во рацете на германските сили сè крајот на Втората светска војна, шест дена пред капитулацијата на Германија.
По војната, Хелскиот Провлак ѝ е вратен на Полска, која во 1940-тите и 1950-тите доградила дополнителни батерии. Денес многу од утврдувањата и батериите се достапни за посетители, иако дел од провлакот и денес им припаѓа на вооружените сили.
Галерија
уреди-
Поглед на полуостровот од највисоката градба во Владиславово
-
Плажата во Кужњица
-
Плажа на Хел
-
Плажа во Јастарња
-
Улица во Хел
-
Поглед на провлакот од воздух
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Szarejko, Krzysztof (2005). Jakość przestrzeni regionalnej polskiego pasa nadmorskiego. Europa – Region – Turystyka: Specyfika przestrzeni regionalnej – jej ochrona, zachowanie i rozwój: Międzynarodowa Konferencja Naukowa. стр. 172–181. ISBN 83-88771-59-0.
- ↑ Wojciechowski, Zbigniew (2005). „Obiekty militarne Półwyspu Helskiego w latach 1920–2006“. Zeszyty Naukowe Akademii Marynarki Wojennej. 51 nr 4: 247–271. ISSN 0860-889X.
Надворешни врски
уреди- Хелски Провлак на Ризницата ?
- Хелски Провлак Архивирано на 29 август 2018 г. — портал на Јастшембја Гура (полски)