Пучки Залив
залив на Балтичкото Море во Поморското Војводство, Полска
Пучки Залив (полски: Zatoka Pucka, германски: Putziger Wiek, кашупски: Pùckô Hôwinga) — плиток залив во Балтичкото Море, западен огранок на Гдањскиот Залив на брегот на Источното Поморје, северозападна Полска. Одделен е од морето со Хелскиот Провлак.[1]
Пучки Залив Zatoka Pucka | |
---|---|
Плажа во Пуцк | |
Карта на Пучкиот Залив |
Заливот има просечна длабочина од 2 до 6 м. Псредината на Хелскиот Провлак од Рева до Кужњица се протега песочен плитар. Пристап во заливот имаат само чамци и мали бротчиња, кои задолжително пловат по подлабоките делови. Под заливот има лежишта на поташа (калиумска сол).
Поважни пристанишни градови на Пучкиот Залив се Пуцк, Јастарња и Хел.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Pucka, Zatoka“. Internetowa Encyklopedia PWN. Wydawnictwo Naukowe PWN. Архивирано од изворникот на 2015-06-13. Посетено на 30 August 2014.
Надворешни врски
уреди- Пучки Залив на Ризницата ?
- Портал посветен на Пучкиот Залив
- Пучки Залив — проект „Зостера“