Хајан Селмани - Кајче (Велебрдо, 5 ноември 1985 - Скопје, 17 септември 2019) — македонски претприемач и стопанственик.

Хајан Селмани
Роден 5 ноември 1985
Велебрдо, СФРЈ (денес Македонија)
Починал 17 септември 2019
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање претприемач, стопанственик

Животопис

уреди

Хајан Селмани е роден во долнореканското село Велебрдо на 5 ноември 1985 година. Високо образование стекнал од областа на информатиката на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што дипломирал во 2008 и магистрирал во 2010 година. Во 2011 година бил одликуван со признанието Мајкрософт МВП.[1] Во март 2013 година го основал претпријатието за изработка и инженерство на програмска опрема Хаселт.[2]

Селмани бил и познат мотивациски говорник со бројни предавања одржани на теми поврзани со претприемништво, технологија, водство и мотивација.[3]

Починал ненадејно во Скопје на 17 септември 2019 година.[3]

Чествување

уреди

Во октомври 2019 година, во негова чест било преименувано основното училиште во селото Ростуше со подрачни училишта во околните села Требиште, Велебрдо и Јанче.[4]

Наводи

уреди