Хари Дин Стентон
Хари Дин Стентон (англиски: Harry Dean Stanton, 1926 - 15 септември 2017) бил американски глумец.
Животопис
уредиГлумечка кариера
уредиПрвите професионални чекори, Хари Дин Стентон ги направил во театарот, каде играл улоги во грчки драми, во дела од Шекспир итн. Меѓутоа, според неговото признание: „Но, сакав само да играм во филм. Не мо беше грижа за театарот... Одзема премногу време, има премногу работа, а и не плаќаат доволно. Рано го сфатив тоа. Ако си на филм, имаш повеќе публика, повеќе пари, можеш да патуваш...“ Во средината на 1950-тите започнал да глуми во тв-серии, особено вестерн и криминалистички, во кои повеќе од една декада играл негативни ликови. Во 1966 година, Џек Николсон му понудил улога во филмот „Јавни го ветрот“ (Ride the Whirlwind) на режисерот Монти Хелман.[1]
Хари Дин Стентон остварил долгогодишна филмска кариера, а според многумина тој е најголемиот епизоден глумец на сите времиња. За него, познатиот филмски критичар рекол: „Ниеден филм што го има Хари Дин Стентон во епизодна улога не може да биде целосно лош.“ Неговите епизодни улоги најчесто траеле од пет до десет минути, но често оставале голем ефект. Тој развил посебен метод на глума: наместо физичко и ментално поистоветување со ликот кој го глуми, тој го користел принципот на супстракција; наместо нагласување на емоциите, тој пристапувал кон одземање на емоциите, но тој самиот остварувал силна врска и суптилна размена на енергија со глумците со кои ја делел сцената. Хари Дин Стентон поседувал смирена проѕирност и минималистички глумечки израз, а сопственото искуство суптилно го преточувал во своите улоги. Според неговите зборови: „Ако го користиш својот живот и ја користиш болката во својот живот, ги користиш грешките што си ги направил... тоа станува премногу тешко. Тоа е нешто свето, во срцето на глумецот.“ Во 1984 година, тој глумел во филмот на Вим Вендерс, „Париз, Тексас“ и тоа било неговата прва и претпоследна главна улога во кариерата, која му донела голем успех. Потоа, тој добивал понуди за други главни улоги кои ги одбивал. Во 1990-тите започнал соработка со Дејвид Линч на серијата „Твин Пикс“, а посмртно бил објавен филмот Lucky, напишан за него. Исто така, за него е снимен и документарниот филм „Хари Дин Стентон: Делумно раскажување“ (Harry Dean Stanton: Partly Fiction).[2]