Харитон (охридски архиепископ)
Харитон — јеромонах и охридски архиепископ во период во 21 октомври 1641 до 1651 година.[1]
Харитон | |
---|---|
Ракоположен | околу 1643 |
Службата завршила | околу 1651 |
Претходник | Даниил |
Наследник | Дионисиј I |
Лични податоци | |
Починал | XVII век |
Други папи наречени Харитон |
Животопис
уредиИгуменот Герман на кременишкиот манастир „Успение Богородично“ од Костурско добил потпишана грамота од него како архиепископ, наменета за рускиот цар. Има и други зачувани грамоти со негов архиепископски потпис, наменети за неговите владици, што оделе да собираат милостина во Русија (кариополскиот епископ Неофит 1644-1645, гребенскиот митрополит Гаврил септември 1646 и корчанскиот митрополит Гаврил септември 1646 и костурскиот митрополит Кипријан 1651). Тоа биле економски тешки години на сиромаштија и задолженост на Охридската архиепископија, поради што побарал помош од рускиот патријарх и од рускиот цар за откуп на заложените црковни драгоцености. Има претпоставки дека повторно бил избран за архиепископ (1651).[2][3][4]
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ Иван Снегаров, Историја на Охридската архиепископија том II Од потпаѓањето под турска власт сè до нејзиното укинување (1394-1767), Софија 1931
- ↑ Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник“ на Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, книга 8 Скопје 2002
- ↑ Славко Димевски, Историја на македонската православна црква, Скопје, 1989