Хариет Бичер Стоу
Хариет Бичер Стоу (англиски: Harriet Beecher Stowe) (14 јуни 1811 – 1 јули 1896) — американски аболиционист и писателка. Таа е позната по нејзиниот роман „Колибата на чичо Том“ (1852), посветен на животот на Афроамериканците и нивното ропство.
Хариет Бичер Стоу | |
---|---|
Жанр | историски теми |
Значајни дела | „Колибата на чичо Том“ |
Животопис
уредиХариет Бичер Стоу е родена на 14 јуни 1811 година во Личфилд, Конектикат. Нејзиниот татко бил свештеник и приврзаник на движењето за ослободување на Црнците од ропството. Тој во својот дом често криел Црнци кои избегале од своите бели господари и тоа било можност младата Хариета да ја согледа тешката положба на Црнците во САД и да се соживее со нивните проблеми, а како резултат на тоа, подоцна, таа станала активен поборник за укинување на ропството. Починала на 1 јули 1896, во Хартфорд, Конектикат.[1]
Творештво
уредиХариет Бичер Стоу стекнала светска слава со својот кус роман „Колибата на чичо Том“, објавен во 1852 година. Со текот на времето,оваа книга стекнала огромна популарност и била преведена на голем број јазици. Подоцна, таа напишала и неколку други дела, но сите тие останале во сенката на „Колибата на чичо Том“.[1]
Абрахам Линколн на средбата со неа рекол: „Значи, ова е малата женичка што ја започна оваа нова голема војна!“[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Глигор Поповски, „Хариета Бичер Стоу: Колибата на чичо Том“, во: Хариета Бичер Стоу, Колибата на чичо Том, Култура, Скопје, 1975, стр. 63-64.
- ↑ Stowe, Charles Edward Harriet Beecher Stowe: The Story of Her Life. 1911. Page 203. Kessinger Publishing. ISBN 1-4179-0213-2, 9781417902132
Оваа личност од САД статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |