Хаплогрупа R (мтДНК)
Хаплогрупата R е широко распространета човечка митохондриска ДНК (мтДНК) хаплогрупа. Хаплогрупата R е поврзана со населението на Евроазија пред околу 70.000 години и е распространета кај современите популации низ светот надвор од Потсахарска Африка.[5]
Хаплогрупа R | |
---|---|
Можно време на потекло | 66,8 ± 14,2 kya [1] |
Можно место на потекло | Јужна Азија[2][3] Југоисточна Азија[3] |
Предок | N |
Потомци | R0, R1, R1b, R2'JT, R3, R5, R6'7, R8, R9, R11'B, R12'21, R14, R22, R23, R30, R31, P, U |
Својствени мутации | 12705, 16223[4] |
Хаплогрупата R е потомок на макро- хаплогрупата N. Помеѓу хаплогрупите на потомците на R кладата се групите B, U (а со тоа и K), F, R0 (а со тоа и HV, H и V) и JT (предците хаплогрупа на J и T).
Потекло
уредиСоарес и неговите соработници (2009) ја проценуваат староста на хаплогрупата R на приближно 50.000 до 70.000 години.
Ова е во согласност со појавата во текот на крајбрежната миграција од Источна Африка кон Западна, Јужна и Југоисточна Азија. Се претпоставува дека раната лоза на хаплогрупите M, N и R е по должината на крајбрежниот пат во периодот од пред околу 70.000 до 60.000 години.[6] Северниот пат надвор од Африка е уште една прилика, каде што проширувањето на хаплогрупата R може да потекнува од Југоисточна Азија.[7]
Хаплогрупата R има широка разновидност кај домородното население на Јужна Азија. Племињата и кастите од Западна и Јужна Индија покажуваат поголема разновидност од другите региони, што веројатно укажува на нивниот автохтон статус. Ларуга и неговите соработници (2017) откриле дека мтДНК R се шири во Евроазија и Австралија преку должината на брегот на Југоисточна Азија.[5] Фосилот на човекот Уст'-Ишим од Сибир, датиран пред околу 45.000 години, припаѓа на хаплогрупата R* (порано класифицирана како U*).[8][9]
Распространетост
уредиХаплогрупата R и нејзините потомци се распространети низ цела Австралазија, Америка, Југоисточна Азија, Јужна Азија, Средна Азија, Западна Азија, Источна Азија, Европа, Северна Африка и Африканскиот Рог.
Базалниот R* клад се наоѓа меѓу Сокотрите (1,2%), како и во североисточна Африка (1,5%), Средниот Исток (0,8%), Блискиот Исток (0,8%) и Арапскиот Полуостров (0,3%).[10]
Хаплогрупата Р е забележана и помеѓу египетските мумии ископани на археолошкиот локалитет Абусир ел-Мелек во северен Египет, кои датираат од предптолемејскиот период или од доцното Ново Кралство, птолемејскиот и римскиот период.[11]
Подкладата R2 била забележана во остатоците од неолитскиот човек од западен Иран во Тепе Абдул Хосеин.[12]
Дрво
уредиОва филогенетско дрво на подкладите на хаплогрупата R се заснова на трудот на Манис ван Овен и Манфред Кајзер Ажурирано сеопфатно филогенетско стебло на глобалната варијација на човечката митохондријална ДНК и последователните објавени истражувања.
Наводи
уреди- ↑ Soares, Pedro; Ermini, Luca; Thomson, Noel; Mormina, Maru; Rito, Teresa; Röhl, Arne; Salas, Antonio; Oppenheimer, Stephen; MacAulay, Vincent (2009). „Correcting for Purifying Selection: An Improved Human Mitochondrial Molecular Clock“. The American Journal of Human Genetics. 84 (6): 740–59. doi:10.1016/j.ajhg.2009.05.001. PMC 2694979. PMID 19500773.
- ↑ Maji, Suvendu; Krithika, S.; Vasul, T.S. (2008). „Distribution of Mitochondrial DNA Macrohaplogroup N in India with Special Reference to Haplogroup R and its Sub-Haplogroup U“ (PDF). International Journal of Human Genetics. 8 (1–2): 85–96. doi:10.1080/09723757.2008.11886022. S2CID 14231815.
- ↑ 3,0 3,1 Larruga, Jose M (23 May 2017). „Carriers of mitochondrial DNA macrohaplogroup R colonized Eurasia and Australasia from a southeast Asia core area“. BMC Evolutionary Biology. 17 (1): 115. Bibcode:2017BMCEE..17..115L. doi:10.1186/s12862-017-0964-5. PMC 5442693. PMID 28535779.
- ↑ Van Oven, Mannis; Kayser, Manfred (2009). „Updated comprehensive phylogenetic tree of global human mitochondrial DNA variation“. Human Mutation. 30 (2): E386–94. doi:10.1002/humu.20921. PMID 18853457. S2CID 27566749.
- ↑ 5,0 5,1 Larruga, Jose M (23 May 2017). „Carriers of mitochondrial DNA macrohaplogroup R colonized Eurasia and Australasia from a southeast Asia core area“. BMC Evolutionary Biology. 17 (1): 115. Bibcode:2017BMCEE..17..115L. doi:10.1186/s12862-017-0964-5. PMC 5442693. PMID 28535779.
- ↑ Palanichamy, Malliya Gounder; Sun, Chang; Agrawal, Suraksha; Bandelt, Hans-Jürgen; Kong, Qing-Peng; Khan, Faisal; Wang, Cheng-Ye; Chaudhuri, Tapas Kumar; Palla, Venkatramana (2004). „Phylogeny of Mitochondrial DNA Macrohaplogroup N in India, Based on Complete Sequencing: Implications for the Peopling of South Asia“. The American Journal of Human Genetics. 75 (6): 966–78. doi:10.1086/425871. PMC 1182158. PMID 15467980.
- ↑ „Carriers of mitochondrial DNA macrohaplogroup R colonized Eurasia and Australasia from a southeast Asia core area“. BMC Evolutionary Biology. 17 (1): 115. 2017. Bibcode:2017BMCEE..17..115L. doi:10.1186/s12862-017-0964-5. PMC 5442693. PMID 28535779.
- ↑ Marrero, Patricia; Abu-Amero, Khaled K; Larruga, Jose M; Cabrera, Vicente M (2016). „Carriers of human mitochondrial DNA macrohaplogroup M colonized India from southeastern Asia“. BMC Evolutionary Biology. 16 (1): 246. Bibcode:2016BMCEE..16..246M. doi:10.1186/s12862-016-0816-8. PMC 5105315. PMID 27832758.
- ↑ Larruga, Jose M; Marrero, Patricia; Abu-Amero, Khaled K; Golubenko, Maria V; Cabrera, Vicente M (2017). „Carriers of mitochondrial DNA macrohaplogroup R colonized Eurasia and Australasia from a southeast Asia core area“. BMC Evolutionary Biology. 17 (1): 115. Bibcode:2017BMCEE..17..115L. doi:10.1186/s12862-017-0964-5. PMC 5442693. PMID 28535779.
- ↑ Černý, Viktor; и др. (2009). „Out of Arabia—the settlement of island Soqotra as revealed by mitochondrial and Y chromosome genetic diversity“ (PDF). American Journal of Physical Anthropology. 138 (4): 439–447. doi:10.1002/ajpa.20960. PMID 19012329. Архивирано од изворникот (PDF) на 6 October 2016. Посетено на 13 June 2016.
- ↑ Schuenemann, Verena J.; и др. (2017). „Ancient Egyptian mummy genomes suggest an increase of Sub-Saharan African ancestry in post-Roman periods“. Nature Communications. 8: 15694. Bibcode:2017NatCo...815694S. doi:10.1038/ncomms15694. PMC 5459999. PMID 28556824.
- ↑ Broushaki, Farnaz; Thomas, Mark G.; Link, Vivian; López, Saioa; van Dorp, Lucy; Kirsanow, Karola; Hofmanová, Zuzana; Diekmann, Yoan; Cassidy, Lara M. (29 July 2016). „Early Neolithic genomes from the eastern Fertile Crescent“. Science. 353 (6298): 499–503. Bibcode:2016Sci...353..499B. doi:10.1126/science.aaf7943. PMC 5113750. PMID 27417496.
Надворешни врски
уреди- Mannis van Oven's PhyloTree.org – mtDNA subtree R
- Ian Logan's Mitochondrial DNA Site