Хантингтонова болест

Хантингтонова болест (ХБ), хореја или нарушување е прогресивна невродегенертивна генетска болест која влијае врз мускулната контракција и некои когнитивни функции, типично станувајќи препознатлива во средното доба од животот. Таа е најчестата генетска причина за ненормални неволеви грчеви наречени хореја и е многу почеста кај луѓе од западноевропско потекло во споредба со оние од Азија или Африка. Болеста е предизвикана од автосомна доминантна мутација на било која од двете копии на генот наречен хантингтин, што значи дека дете на болен родител има 50% шанси за наследување на болеста. Во ретки ситуации каде и двајцата родители го имаат мутираниот ген, или еден родител ги има и двете мутирани копии, овој ризик е значително зголемен. Физичките симптоми на Хантингтоновата болест можат да почнат на било која возраст од детството до староста, но обично почнуваат меѓу 35 и 44 години. Ако симптомите започнат пред околу 20 години возраст, тие напредуваат побрузо и малку варираат и тогаш болеста се класифицира како јувенилна, акинетично-ригидна или Вестфал варијанта на Хантингтонова болест.

Хантингтонова болест
Микроскопска слика на неврон (жолто) со јадрени инклузии (портокалово) коишто настануваат како дел од напредокот на болеста; широчина на сликата: 360 µm
СпецијалностНеврологија Уреди на Википодатоците
ЧестотаГрешка во Lua во Модул:PrevalenceData, ред 28: attempt to perform arithmetic on field 'lowerBound' (a nil value)

Хантингтин генот нормално овозможува генетска информација за белковина која исто така е наречена „хантингтин“. Мутацијата на хантингтин генот кодира различна форма на белковината, чие присуство резултира со постепена штета во одредени области на мозокот. Точниот начин на кој ова се случува не е целосно разјаснет. Генетско тестирање може да биде направено во било кој период од животот, дури и пред појавата на симптоми. Ова подигнува неколку етички дебати во врска со возраста на која поединецот се смета за доволно зрел да избере тестирање, правото на родителите да ги тестираат своите деца и доверливоста и откривањето на резултатите од тестот. Генетско советување е развиено за информирање и помош на поединци кои размислуваат за генетско тестирање и стана модел за други генетски доминантни болести.

Точниот начин на кој ХБ влијае врз поединецот варира и може да се разликува дури и меѓу членови на истото семејство, но симптомите напредуваат предвидливо за најголемиот број поединци. Најраните симптоми се општ недостиг на координација и несигурен од. Како што болеста се развива, некоординирани, грчливи движења на телото стануваат поочигледни заедно со пад во менталните способности и бихејвиорални и психијатриски проблеми. Физичките способности постепено се нарушуваат додека координираното движење станува многу тешко и менталните способности општо опаѓаат во деменција. Иако нарушувањето само од себе не е фатално, компликации од типот на пневмонија, срцево заболување и физички повреди од паѓања го намалуваат очекуваниот животен век на околу дваесет години откако ќе започнат симптомите. Не постои лек за ХБ и е потребна целодневна грижа во доцните фази на болеста, но постојат нови третмани за олеснување на некои од нејзините симптоми.

Организации за самоподдршка, најпрво формирани во 1960-те и со бројка постојано во пораст, работат на зголемување на јавната свест, на овозможување поддршка за поединци и нивните семејства и на промовирање на поврзани истражувања. Фондацијата за наследни болести (Hereditary Disease Foundation), истражувачка група родена од првите групи за поддршка, беше неопходна за пронаоѓањето на генот во 1993. Од тогаш има значајни откритија секои неколку години и разбирањето за болеста се подобрува. Моменталното истажување е насочено кон откривање на точниот механизам на болеста, подобрување на животински модели за забрзано истражување, клинички проби на лекови кои ги третираат симптомите или го забавуваат напредокот на болеста и проучување на процедури како терапија со матични клетки со цел за поправка на штетата предизвикана од болеста.

Знаци и симптоми

уреди

Симптомите на Хантингтоновата болест обично стануваат забележливи на возраст од 35 до 44 години, но тие можат да започнат на било која возраст уште од почетокот на животот.[1][2] Во раните стадиуми, постојат субтилни промени во карактерот, когницијата или физичките вештини.[1] Физичките симптоми обично први се забележуваат, бидејќи когнитивните и психијатриските симптоми обично не се доволно сериозни за сами од себе да бидат препознаени во раните стадиуми.[1] Скоро секој со Хантингтонова болест со текот на времето покажува слични физички симптоми, но појавувањето, напредокот и сериозноста на когнитивните и психијатриските симптоми варира значително меѓу поединци.[3][4]

Најкарактеристичните први физички симптоми се случајни, грчливи и неконтолирани движења наречени хореја.[1] Хорејата може првично да се прикаже како општа несмиреност, мали ненамерни започнати или недовршени движења, недостиг од координација или забавени движења на очите.[1] Овие мали моторни абнормалности обично се појавуваат пред поочигледни знаци на моторна дисфункција за најмалку три години.[3] Јасното присуство на симптоми како што се ригидност, грчевити движења и ненормално држење на телото се појавуваат како што болеста напредува.[5] Ова се знаци дека системот во мозокот одговорен за движење е зафатен.[6] Психомоторните функции стануваат сè понарушени, толку што дејствата кои бараат мускулна контрола се зафатени. Чести последици се физичка нестабилност, ненормали движења на лицето и тешкотии со џвакањето, голтањето и зборувањето.[5] Тешкотиите во јадењето обично предизвикуваат губење на телесната тежина и лоша исхрана.[7][8] Нарушувања во сонот се исто така поврзани симптоми.[9] Јувенилната ХБ се разликува во овие симптоми но општо напредува побрзо и хорејата кратко се покажува, дури и не мора да се покаже, со ригидност како доминантен симптом. Нападите се чест општ симптом на оваа форма на ХБ.[5]

Пријавена преваленција на бихејвиорални и психијатриски симптоми кај Хантингтоновата болест[10]
Надразливост 38–73%
Апатија 34–76%
Анксиозност 34–61%
Депресија 33–69%
Опсесивност и компулсивност 10–52%
Психотични симптоми 3–11%

Когнитивните способности се нарушуваат прогресивно.[6] Особено се нарушени извршните функции кои вклучуваат планирање, когнитивна флексибилност, апстрактно мислење, следење на правила, започнување соодветни дејства и инхибирање на несоодветни дејства.[6] Како што болеста напредува, почнуваат да се јавува губење на меморијата. Пријавените нарушувања на меморијата имаат опсег од губење на краткотрајна меморија до потешкотии со долготрајна меморија, вклучувајќи дефицит во епизодна меморија (меморијата за сопствениот живот), процедурална меморија (меморија на телото за тоа како да изврши некое дејство) и работна меморија.[6] Когнитивните проблеми имаат склоност да стануваат полоши со текот на времето, водејќи до деменција.[6] Овој шаблон на недостатоци е наречен субкортикален дементивен синдром за да се разликува од типичните ефекти на кортикалните деменции, на пр. на Алцхајмеровата болест.[6]

Пријавени невропсихијатриски манифестации се анксиозност, депресија, намален приказ на емоции, егоцентризам, агресија и компулсивно однесување; последното може да предизвика или да влоши зависности како алкохолизам, коцкање и хиперсексуалност.[10] Тешкотии во препознавањето на негативните изрази на другите луѓе исто така се забележани.[6] Преваленцијата на овие симптоми е исто така многу различна меѓу различните студии со проценети стапки за преваленција на психијариски нарушувања во текот на животот меѓу 33% и 76%.[10] За многу болни и нивните семејства овие симптоми се најтешките аспекти од болеста, често со влијание врз дневното функционирање и основа за институционализација.[10] Самоубиствени мисли и обиди за самоубиства се почести во споредба со општата популација.[1]

Мутантната белковина хантингтин се изразува низ целото тело и е асоциран со абнормалности во периферните ткива кои се директно предизвикани од такво изразување надвор од мозокот. Таквите абнормалности вклучуваат мускулна атрофија, срцево заболување, остеопороза, нарушена гликозна толеранција, губиток на тежина и тестикуларна атрофија.[11]

Генетика

уреди

Сите луѓе го имаат генот хантингтин (ХТТ) кој ја кодира белковината хантингтин (Хтт). Дел од овој ген има нуклеотиди кои се повторуваат и се нарекува тринуклеотидно повторување, а варира во должина кај поединци и може да ја промени должината меѓу генерации. Кога должината на оваа повторувачка низа ќе достигне до одреден праг, тогаш се создава променета форма на белковината наречена мутиран хантингтин белковина (мХтт). Разликата во функциите меѓу нормалниот и мутираната белковина е причината за патолошките промени кои ги предизвикуваат симптомите на болеста. Мутацијата на Хантингтоновата болест е генетски доминантна и скоро целосно пенетрантна: мутација на било кој од двата гена (ХТТ) ја предизвикува болеста. Наследувањето не е поврзано со полот, но должината на повторувачкиот дел од генот, а со тоа и сериозноста на болеста, може да биде под влијание од полот на заболениот родител.[12]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil) (англиски)
  2. „Huntington Disease“. genereviews bookshelf. University of Washington. 2007-07-19. Посетено на 2009-03-12. (англиски)
  3. 3,0 3,1 Kremer B (2002). „Clinical neurology of Huntington's disease“. Во Bates G, Harper P, and Jones L (уред.). Huntington's Disease – Third Edition. Oxford: Oxford University Press. стр. 28–53. ISBN 0-19-851060-8.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link) (англиски)
  4. Wagle, A C; Wagle SA, Marková IS, Berrios GE (2000). „Psychiatric Morbidity in Huntington's disease“. Neurology, Psychiatry and Brain Research (8): 5–16.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (англиски)
  5. 5,0 5,1 5,2 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil) (англиски)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 Montoya A, Price BH, Menear M, Lepage M (2006). „Brain imaging and cognitive dysfunctions in Huntington's disease“ (PDF). J Psychiatry Neurosci. 31 (1): 21–9. PMC 1325063. PMID 16496032. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-23. Посетено на 2009-04-01.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (англиски)
  7. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil) (англиски)
  8. „Booklet by the Huntington Society of Canada“ (PDF). Caregiver's Handbook for Advanced-Stage Huntington Disease. HD Society of Canada. 2007-04-11. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-06-25. Посетено на 2008-08-10. (англиски)
  9. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil) (англиски)
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil) (англиски)
  11. van der Burg JM, Björkqvist M, Brundin P. (2009). Beyond the brain: widespread pathology in Huntington's disease. Lancet Neurol. 8(8):765–74. doi:10.1016/S1474-4422(09)70178-4 PMID 19608102 (англиски)
  12. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори


 
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: