Хамет (филм од 1982)
„Хамет“ (англиски: Hammett) - американски филм од 1982 година, во режија на Вим Вендерс (неговиот прв американски, т.е. холивудски филм).[1] Главните улоги ги толкуваат: Фредерик Форест, Питер Бојл, Марилу Хенер, Рој Киниар, Елиша Кук, Лидија Леј, Ричард Бредфорд, Мајкл Чоу, Џек Ненс итн. Во 1982 година, филмот бил номиниран за „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал.[2]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во 1920-те години во Сан Франциско. Хамет (го игра Форест) е поранешен детектив, кој сега работи како писател на криминалистички романи. Неговиот најнов ракопис е украден, а истовремено се случува необично самоубиство на еден угледен човек. Хамет почнува да се интересира за случајот, особено кога го посетува проститутката Кристал Линг (ја игра Леј). Тогаш, Хамет го посетува кинескиот криминалец Фонг Веј Тау (го игра Чоу) и таму го затекнува својот пријател Џими Рајан (го игра Бојл). Хамет и Бојл успеваат да побегнат, но Хамет е веднаш уапсен поради убиството на Кристал Линг кое се случило во неговиот стан. Истражувајќи понатаму, Хамет открива дека голем број угледни граѓани снимале порнографски фотографии со Кристал Линг. Најпосле, тие го повикуваат Хамет и му даваат задача да послужи како посредник кој ќе му ги исплати парите на непознатиот уценувач. Тој ја извршува задачата и открива дека Кристал Линг е жива и дека таа е уценувачот на богатите граѓани. Тогаш се појавува и Џими, а Кристал Линг го убива и бега со парите. Хамет ѝ ги предава негативите на полицијата, оди дома и почнува да пишува роман.