Хадсел
Хадсел (норвешки: Hadsel, севернолапонски: Válafierda) — општина во округот Нурлан, Норвешка. It is part of традиционалната област Вестеролен. Седиште на општината е гратчето Стокмаркнес. Освен тоа, во општината влегуваат и селата Фискебел, Јерстад, Гренинг, Гритинг, Ханејвика, Хенес, Калјур, Мелбу, Санден и Санднес.
Хадсел Hadsel | ||
---|---|---|
Општина | ||
Поглед на Стокмаркнес зиме | ||
Земја | Норвешка | |
Окуг | Нурлан | |
Околија | Вестеролен | |
Седиште | Стокмаркнес | |
Управа | ||
• Градоначалник (2015) | Сив Дагни Асвик (РП) | |
Површина | ||
• Вкупна | 566,56 км2 (21,875 ми2) | |
• Земјишна | 551,13 км2 (21,279 ми2) | |
• Вода | 15,43 км2 (596 ми2) | |
Ранг | 190. во земјата | |
Население (2017) | ||
• Вкупно | 8,009 | |
• Ранг | 135. во земјата | |
• Густина | 14,5/км2 (380/ми2) | |
• Промена (10 год.) | 1,3 % | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
ISO 3166 | NO-1866 | |
Служб. јазичен облик | букмол | |
Мреж. место | hadsel.kommune.no | |
Ова е најјужна општина во областа Вестеролен. Опфаќа четири острови: Хадселеја, Хинеја, Лангеја и Ауствогеја. Околу 70% од населението живее на Хадселеја, кој е поврзан со Лангеја со Хадселскиот и Берејскиот мост. Недалеку се наоѓа и Аеродромот Стокмаркнес, најпрометниот мал аеродром во Норвешка со 100.000 патници годишно (1997).
Хадсел зафаќа површина од 567 км2 и во 2017 г. броел 8.009 жители, што претставува пораст од 1,3% во изминатата деценија[1]. Густината на населеност изнесува 14,5 жители на км2.
Се граничи со општините Суртлан на север, Бе на запад, Воган на југ и Лединген на исток.
Историја
уредиХадсел е основан како општина на 1 јануари 1838 г. Северната општинска околија се одвоила во 1841 г. образувајќи ја новата општина Суртлан. На 1 јануари 1963 г. околијата Внатрешен Ејдсфорд (нас. 1.360) е префрлена во општината Суртлан.[2]
Име
уредиОпштината го носи името на некогашната парохија наречена по стариот посед со исто име (старонордиски: Hǫfðasegl) уште од времето на првоизградената црква (Хадселската црква). Првиот дел е генитив од поимот hǫfði што значи „висока и стрмна спила“, а вториот е segl што значи „едро“ (по блиската спила која наликува на едро)[3]
Грб
уредиГрбот на општината е современ, доделен на 11 март 1976 г. и се состои од четири златни прстени на сина заднина, кои ги претставуваат четирите острови на општината.[4]
Цркви
уредиОпштината има три парохии (sokn) на Норвешката црква, кои се во состав на црковната околија Вестеролен на Серско-хологаланската епархија. Парохиите опфаќаат вкупно пет цркви, од кои по две во Хадсел и Мелбу, и една во Гренинг.
Географија
уредиОпштината е расположена на четири острови во архипелагот Вестеролен, и тоа: Хинеја, Лангеја, Хадселеја и Ауствогеја. Планината Хигравстинден која лежи на границата со Воган е меѓу највисоките во овие краишта.
Клима
уредиКлиматски податоци за Мелбу, Хадсел | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Сред. дневна °C (°F) | −1.4 (29.5) |
−1.5 (29.3) |
−0.6 (30.9) |
1.9 (35.4) |
6.3 (43.3) |
9.7 (49.5) |
12.1 (53.8) |
12.0 (53.6) |
8.6 (47.5) |
5.0 (41) |
1.6 (34.9) |
−0.6 (30.9) |
4.4 (39.9) |
Прос. врнежи мм (ин) | 110 (4.33) |
95 (3.74) |
83 (3.27) |
69 (2.72) |
49 (1.93) |
50 (1.97) |
65 (2.56) |
68 (2.68) |
107 (4.21) |
155 (6.1) |
123 (4.84) |
126 (4.96) |
1.100 (43,31) |
Извор: Норвешки метеоролошки институт[5] |
Управа
уредиКако и кај сите општини во Норвешка, општинската управа има надлежност над основното образование, здравството (освен болниците), пензиските услуги, невработеноста и другите социјални работи, зонирањето, стопански развој и општинските патишта. Со општината раководи општински совет (Kommunestyre) од 25 членови кој се бира на секои четири години. Советниците меѓу себе бираат градоначалник на општината.
Галерија
уреди-
Тен, Хадсел
-
Патот бр. 885 во Хадсел
-
Хадселската црква
Наводи
уреди- ↑ Statistisk sentralbyrå (2017). „Table: 06913: Population 1 January and population changes during the calendar year (M)“. Посетено на 2017-09-09.
- ↑ Jukvam, Dag (1999). „Historisk oversikt over endringer i kommune- og fylkesinndelingen“ (PDF). Statistisk sentralbyrå.
- ↑ Rygh, Oluf (1905). Norske gaardnavne: Nordlands amt (16. изд.). Kristiania, Norge: W. C. Fabritius & sønners bogtrikkeri. стр. 363.
- ↑ Norske Kommunevåpen (1990). „Nye kommunevåbener i Norden“. Посетено на 2008-11-20.
- ↑ „еКлима“. Норвешки метеоролошки институт. (англиски)
Надворешни врски
уреди„Хадсел“ на Ризницата ? |
- Податоци за општината Хадсел — Централно статистичко биро style="background:#FFC7C7;color:black;vertical-align:middle;text-align:center;" class="table-no"|Не
- Слики од Хадсел Архивирано на 11 март 2007 г.