Фредрик Бајер (21 април 1837 - 22 јануари 1922) ― дански писател, учител и пацифист политичар кој ја добил Нобеловата награда за мир во 1908 година заедно со Клас Понтус Арнолдсон.

Фредрик Бајер
Роден/а21 април 1837(1837-04-21)
Нествед, Данска
Починат/а22 јануари 1922(1922-01-22) (возр. 84)
Копенхаген, Данска
ЗанимањеПисател, политичар, наставник
НационалностДанец
НародностДанец
Значајни наградиНобелова награда за мир 1908
Сопруг/аМатилда Бајер

Живот

уреди

Тој бил син на свештеник роден во Нествед во 1837 година. Бајер служел како офицер во данската војска, борејќи се во Втората шлезвишка војна во 1864 година против Прусија и Австрија каде што бил унапреден во чин прв поручник. Бил отпуштен во 1865 година и се преселил во Копенхаген каде станал учител, преведувач и писател.

Тој влегол во данскиот парламент во 1872 година како пратеник во Долниот дом и таму работел пследните 23 години. Како член на парламентот, тој работел за употреба на меѓународна арбитража за решавање на судири меѓу државите, а поради напорите на Бајер надворешните односи станале дел од работата на данскиот парламент и дека Данска учествувала во Меѓупарламентарниот сојуз од почетокот и заслужи истакната положба меѓу своите пратеници.[1][2]

Тој ја поддржал раната организација за право на глас на жените[3] и многу мировни организации, вклучително и Меѓународното биро за мир, и внатре во Данска и ширум Европа, и помогнал во донесувањето на нацрт-законот за постигнување арбитражни договори со Шведска и Норвешка.

Цитат

уреди

„Секогаш мора да имаме на ум дека правото треба да се замени за моќта, дека мора да се внимава да им служи на интересите на правото.[4]

Наводи

уреди
  1. Skou, Kaare R. (2005). Dansk politik A-Å (на дански). Aschehoug, p. 109. ISBN 87-11-11652-8.
  2. Andersen, Holger (1953). "Den danske rigsdag og det interparlamentariske arbejde" (на дански) in Fabricius, Knud; Bomholt, Jul.; Hjelholt, Holger; Mackeprang, M.; Møller, Andr. (eds.): Den danske rigsdag 1849–1949 bind VI. Copenhagen: J. H. Schultz Forlag, pp. 415–416.
  3. „Referat fra mødet d. 15. februar 1889“ (дански). Kvinfo: from Hvad vi vil, No. 5, 1889. Посетено на 9 мај 2023.
  4. Fredrik Bajer Quotations

Надворешни врски

уреди