Фредерик Бегбеде (француски: Frédéric Beigbeder, роден на 21 септември 1965) — француски писател и романописец.

Фредерик Бегбеде
Роден/аФредерик Бегбеде
21 септември 1965(1965-09-21)
Неј сур Сен, Франција
Значајни наградиPrix Interallié во 2003 за романот Windows on the World, Prix Renaudot во 2009 за Un roman français[1]

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Фредерик Бегбеде е роден на 21 септември 1965 година во Неј сур Сен. Произлегува од буржоаско семејство. Мајка му Кристин де Шастенер е преведувач на романи од стилот на Барбара Картланд. Татко му, Жан-Мишел Бегбеде работи во агенција за вработување на високи кадри. Има брат Шарл кој се занимава со бизнис. Фредерик Бегбеде учел во најпрестижните париски училишта како Монтен и Луј Ле Гран, додека дипломирал на престижниот париски Институт за политички науки. Своето образование го завршил со диплома по маркетинг во специјализирано училиште за новинарство и комуникации.

Дела

уреди

Во 1990 година го објавил својот прв роман „Мемоарите на еден откачен млад човек“"[2]. На професионален план станал член на рекламна агенција во Париз. Работел паралелно во областа на литературната критика во големи француски списанија (Elle, Paris Match, VSD, Voici) и парискиот кабелски канал Paris Première.

Во 1994 година го издал својот втор роман „Одмор во кома“. Истата година станал основач на литературната награда le prix de Flore по името на некое париско кафе. Со оваа награда се удостојуваат познати современи франкофонски писатели како Мишел Велбек (1996 година) и Амели Нотомб (2007 година). Во 1997 година, бил издаден романот „Љубовта трае три години“, каде завршил циклусот за херојот Марк Мароние.

Во 1999 година излегол романот „Приказни под екстази“. Во 2000 година го објавил најпознатиот роман „399“ (на македонски) или „99 francs“ на француск. Ова дело било причината да биде отпуштен од фирмата во која работел. До ден денешен романот е продаден во повеќе од 380.000 примероци во светот. Во текот на овој период започнал водител на своето литературно предавање „Книгите и јас“, кое се емитувало по парискиот кабелски канал Paris Première.

Во почетокот на 2003 година Бегбеде бил назначен за издавач во издавачката куќа „Flammarion“. До летото 2006 година редактирал околу 25 книги пред да замине од тоа работно место.

Последните негови романи се: „Windows on the world“, објавена во 2003 година, „Романтичен егоист“, објавен во 205 година и „Помош, простете“ објавен во 2007 година.

Кон крајот на 2007 година во Франција излегол филмот „99 франка“ по книгата на Бегбеде. Во јануари 2008 година Бегбеде бил уапсен за поседување и консумирање на кокаин во Париз, но брзо излегол на слобода. По излегувањето на слобода, го напишал романот „Француски роман“, како инспирација од притворот[3].

Семејство

уреди

Фредерик Бегбеде е разведен и има ќерка по име Клое. Од 2004 година до 2007 година има врска со Лора Сме, француска глумица и ќерка на познатиот пејач Џони Холидеј и глумицата Натали Бај.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди