Фредерик Бастја
Клод Фредерик Бастја (француски: Claude Frédéric Bastiat), (30 јуни 1801, Бајон – 24 декември 1850, Ватикан)[1][2] – баскиско-француски класичен либерален теоретичар, економист и член на француското собрание. Бил познат по развојот на важен економски концепт на опортунистички трошок и како автор на значајниот софизам за скршениот прозорец. Неговите идеи обезбедиле основа либерализмот и Австриската економска школа. Економистот Мареј Ротбард напишал дека „Бастја навистина беше луциден и извонреден писател, чии брилијантни и духовити есеи и басни до денес се извонредни и разорни за рушење на протекционизмот и сите облици на владини субвенции и надзор. Беше навистина блескав заговорник на неограничениот слободен пазар“.[1][3]
Фредерик Бастја Frédéric Bastiat | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Член на Националното собрание на Франција | |||||||||
На должноста 1848 – 24 декември 1850 | |||||||||
Лични податоци | |||||||||
Роден(а) | Клод-Фредерик Бастја Claude-Frédéric Bastiat 30 јуни 1801 Бајон, Франција | ||||||||
Починал(а) | 24 декември 1850 Рим, Папска Држава | (возр. 49)||||||||
Националност | француска | ||||||||
|
Животопис
уредиБастја е роден во Бајон, Атлантски Пиринеи, на југ на Франција на 30 јуни 1801 година. Татко му, Пјер Бастја, бил угледен деловен човек. Мајка му починала во 1808 година кога Фредерик имал седум години.[4] Татко му се преселил во Мигрон, а Фредерик набрзо после тоа дошол по него. Бастјаови имотот во Мигрон го стекнале за време на Француска револуцијаФранцуската револуција, а претходно му припаѓал на маркизот Де Поајан. Пјер Бастја починал во 1810 година оставајќи го Фредерик сираче. Бил одведен кај дедо му по татко и тетка му Жистин Бастја.[4] Учел во Бајон, но неговата тетка не водела сметка за него, па бил запишан во Сен-Север. На возраст од 17 години го напуштил училиштето во Сорез за да работи за својот стрико во неговиот семеен извозен бизнис. Тоа било истото претпријатие во кое неговиот татко бил ортак. Економистот Томас ди Лоренцо сугерира дека тоа искуство било пресудно за подоцнежните трудови на Бастја, бидејќи младиот Фредерик од прва рака сознал како регулацијата може да влијае на пазарот.[3] По револуцијата на средната класа во 1830 година, Бастја станал политички активен и во 1831 година бил избран на мировен судија во Мигрон и за член на Главниот совет на департманот Ланд во 1832 година. По Француската револуција од 1848 година бил избран во националното законодавно собрание.[1]
Неговата јавна кариера како економист започнала дури во 1844 година кога бил објавен неговиот прв труд во магазинот Журнал де зекономист (Journal des economistes) во септември истата година. Истата била прекината со неговата смрт во 1850 година. Бастја оболел од туберкулоза, веројатно патувајќи по Франција промовирајќи ги своите идеи, па болеста го оневозможила во творење дополнителни говори (особено во законодавното собрание во кое бил избран во 1848 8 1849 година). Есента во 1850 година, неговите лекари го испратиле во Италија. Прво отпатувал во Пиза, а потоа во Рим. На 24 декември, Бастја ги повикал тие што биле со него да се приближат на неговиот кревет. Двапати промрморел „вистина“ и потоа починал.[4]
Влијание
уредиАдам Смит и Жан-Батист Се биле едни од луѓето кои најмногу влијаеле на неговото економско и политичко размислување. Бастја станал политички активен веднаш по Револуцијата во 1830 година, а неговата јавна кариера како економист започнала дури во 1844 година. Во следните шест години од животот, успеал да објави брилијантни есеи и трудови кои во најдобро светло, тогаш, но и во сегашно време, го промовираат и го поддржуваат слободното тргување и слободниот пазар. Преку сеопфатни аргументи ги ништел теориите кои го бранеле протекционизмот на државите и државните субвенции и секако, оставил огромен белег врз размислувањата на класичниот либерализам и Австриската школа.[5]
Погледи
уредиБастја во неговите трудови често го користел методот за аргументација наречен метод на претерување или reductio ad absurdum. Главното нешто што тој метод за аргументација пробува да објасни е дека за да се увиди дали некоја одлука на државата или некој поединец е добра, тогаш треба да се доведе самото тоа до некоја крајност, бидејќи само така можеме да ги видиме вистинските ефекти од некои мерки кои се донесуваат. Бастја во своите трудови користи многу интересни примери кои во економските светски кругови сè уште се користат. Во своите есеи кои се дел од „Економски софизми“, тој длабоко ги критикува неефикасностите во работењето на владите и нивниот интервенционизам во економијата поради тоа што, директно и индиректно, обесхрабруваат ефикасност, а најмногу го прават тоа преку замислата дека најбитно е да има што повеќе работа за граѓаните без претходно направени анализи дали таа работа е потребна, придонесува или е добра за целокупното општество. Еден од начините на кои владите тоа го прават е преку протекционизам од надворешни производи во домашната економија, пример воведување тарифи. Друг начин со кој исто така обесхрабруваат ефикасност е преку вработување на прекумерен број луѓе во јавниот сектор, со цел да се претстави намалена невработеност. Бастја во „Економски софизми“ дава голем број примери за таквото функционирање на владите преку кои намерно тие создаваат неефикасности за да се намали невработеноста. Бастја ги прашува читателите: доколку создавање неефикасност само за да има населението работа е добро, тогаш секогаш е тоа добро дури и во екстремни случаи, па затоа користејќи reductio ad absurdum, тој го дава следниот пример. Ние како народ би требало да побараме од кралот да забрани користење на десната рака на целото население, или уште подобро да му се исече на секој граѓанин десната рака, бидејќи на овој начин ќе ни требаат двапати повеќе луѓе да го сработиме тоа што моментално ни треба да го сработиме за да ги постигнеме истите резултати, со тоа исто би имале двапати повеќе работни места. Во мислите на протекционистите и на етатистите, тоа би требало да звучи добро бидејќи со ваков потег со сигурност би имале дупло помала невработеност. Но, ете кога ќе се доведат работите до некоја крајност, стварно можеме да увидиме колку апсурдно некои наши постапки или одлуки всушност звучат па и какви апсурдни ефекти имаат врз економијата, едноставно е, повеќе работа не секогаш значи повеќе богатство за една нација.
Бастја во „Економски софизми“ исто така ги критикува владите за тоа како постојано создаваат оскудност во општеството преку нивното интервенирање во специфични индустрии на пример воведувајќи тарифи со тоа што би се заштитиле домашните фирми од странски производи, па и фаворизирање на специфични индустрии во споредба со други и слично. Бастја многу едноставно објаснува дека во економијата постојат два круцијални закони, тие се Законот на изобилство и Законот на оскудност. Тие два закона се во постојан „конфликт“ во економијата бидејќи тие се тие кои на крајот влијаат врз цените на производите и услугите во државата, па со тоа и на благосостојбата на населението. За да видиме кој од тие два закони е подобар, треба да одиме во крајност. Дали мислите дека е подобро да се има многу од сè, со што цените би се намалиле или малку од сè со што цените би се покачиле и за некои луѓе би биле и прескапи? Секако дека сите би претпочитале да имаме многу од сè и да можеме сè да си дозволиме па знаејќи го тоа, тогаш зошто државата воведува мерки со што би го намалил бројот на производи со кој ние би уживале воведувајќи тарифи и квоти, на тој начин покачувајќи ги цените на странските добра во нашата држава? Зошто е битно од каде доаѓа производот доколку е квалитетен и поевтин од домашниот? Нели благосостојбата на населението и стандардот на живот се мери со тоа дали можеме да си дозволиме производи и услуги во поголем број? Некој ќе каже, домашниот производ создава работа во домашниот пазар, вработува луѓе. Да, тоа е точно, но пак тука забораваме што е суштината на благосостојбата на населението и знак на силната економија, дали е тоа да има повеќе вработеност или таа вработеност да биде ефикасна? Едноставно, доколку може да се добие тој ист производ или подобар производ за помала цена, тогаш зошто да не им се дозволи на нашите сограѓани тоа да го уживаат како што други луѓе во други држави тоа го прават.[5]
Гробницата на Бастја
уредиБастја умрел во Рим, а бил погребна на гробиштата Сан Лујџи деи Франчези во центарот на градот. На смртната постела изјавил дека неговиот пријател Гистав де Молинари (издавач на Бастјаовата книга „Закон“ во 1850 година) е негов духовен наследник.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 [Thornton, Mark (11 April 2011) Why Bastiat Is Still Great, Mises Institute
- ↑ http://www.britannica.com/EBchecked/topic/55610/Frederic-Bastiat
- ↑ 3,0 3,1 DiLorenzo, Thomas. "Frédéric Bastiat (1801–1850): Between the French and Marginalist Revolutions."Mises.org.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Roche III, George Charles (1971). Frédéric Bastiat: A Man Alone. New Rochelle, New York: Arlington House. ISBN 0-87000-116-7.
- ↑ 5,0 5,1 Богоевски, Александар (3 јули 2021). „Западен Балкан има потреба од размислувањата на Бастја“. The Conservative. Посетено на 9 јули 2021.[мртва врска]
Надворешни врски
уредиВикиизвор има оригинални дела од или за: Фредерик Бастја |
Ризницата има слики и снимки поврзани со: Frédéric Bastiat (категорија) |
- Дела од {{{name}}} на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Фредерик Бастја на Семрежниот архив
- Дела од Фредерик Бастја на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)
- Bastiat.org publishes and indexes information about Bastiat
- Cercle Frédéric Bastiat publishes and indexes information about Bastiat
- The Bastiat Society
- "Frédéric Bastiat: Libertarian Challenger or Political Bargainer?" article by economist Brian Baugus on the development of Bastiat's thinking
- The Bastiat Collection Volume 1 Архивирано на 2 јули 2014 г., The Bastiat Collection Volume 2 Архивирано на 2 јули 2014 г. – A collection of Bastiat works published by the Ludwig von Mises Institute
- Audio version of Russell's translation of The Law
- The Law – Frederic Bastiat (PDF English)
- „Frédéric Bastiat“. JSTOR.