Фра Џокондо или Фра Џовани Џокондо (италијански: Fra Giocondo или Fra Giovani Giocondo) бил калуѓер-инженер, архитект, старинар, археолог и класичен научник. Роден е во Верона во околу 1433, а починал во Венеција во 1525 година.

Фра Џокондо
Роден 1433
Верона, денешна Италија
Починал 1525
Венеција
Занимање архитект
археолог
калуѓер

Престој во Франција

уреди

Во периодот помеѓу 1496 и 1499 Џакондо бил поканет во Франција од кралот, каде бил назначен за кралски архитект. Таму тој изградил два неверојатно привлечни моста, Нотрдамскиот мост и Малиот мост. Тој исто така го изградил и дворецот Chambre des Comptes, златната соба на парламентот и замокот Гајон во Нормандија, од кој една фасада била прместена во Школата за убави уметности за да служи како модел за студентите по архитектура.

== Одбрана на Падова

Едно од најголемите достигнувања на Фра Џокондо била одбраната на венетскиот град Падова во 1509. Тој контроверзно ги срушил средновековните кулисни ѕидови и околу градот ископал ров кој можел да биде напаѓан бочно од ниско поставени пушкарници.

Овој тип на војување бил импровизиран претходник на типот на утврдување наречен италијанска траса која нашла широка примена во хабсбуршко-валојскиот конфликт и Италијанските војни во раниот 16 век.