Франческо Марија Пјаве

Франческо Марија Пиаве ( италијански: Francesco Maria Piave; 18 мај 1810, Мурано - 5 март 1876, Милано) - италијански либретист и оперски режисер .

Биографија

уреди
 

Од 1844 до 1860 година, Пјаве бил сценски директор и либретист во оперската куќа Ла Фениче во Венеција (каде што се запознал со Џузепе Верди), а во 1861 година, по препорака на Верди, бил префрлен во познатиот милански театар Ла Скала.[1] Во 1867 година, доживеал мозочен удар, по што останал парализиран до крајот на неговиот живот.

Во текот на својата кариера, Пјаве пишувал либрета за многу познати композитори во тоа време како: Џовани Пацини (четири либрета), Саверио Меркаданте (барем едно), Федерико Ричи, а и едно за Мајкл Балф. Сепак, најпознат е како либретист на Џузепе Верди, за кого требало да напише 10 либрета, од кои најпознати се либретата за Риголето и Травијата.

Верди многу го ценел Пјаве, и затоа му доверил да напише 9 (заедно со Аролдо 10) либрета за него. Тој е еден од најзаслужните луѓе кои му помогнале на Верди да успее како композитор на опери.

Дела

уреди

Наводи

уреди
  1. Baldini 1970, pp. 70 - 74

Извори

уреди